АДЕКВАТНА ХИГИЕНА Е НЕОПХОДНА ЗА ЗДРАВИ НОКТИ

АДЕКВАТНА ХИГИЕНА Е НЕОПХОДНА ЗА ЗДРАВИ НОКТИ

Хигиената и правилната нега на телото, се важен фактор кој влијае на здравјето на целиот организам. Хигиената на ноктите е од витално значење не само за здравјето на ноктите туку и на целото стапало.
Многу често пациентите грешат во однос на хигиената на стапалата и ноктите сметајќи дека редовните купки се доволни за одржување на здрави и чисти нокти, меѓутоа во хигиената на ноктите треба да обрнете внимание на повеќе фактори.

* Дел од нечистотијата под ноктите многу често знае да заостане доколку убаво не се исчисти после купката и да предизвика воспаление на околното ткиво кое понатаму може да резултира со враснување на ноктот.
* Честото потење на стапалата може истотака да влијае на зголемување на нечистотијата под ноктите , па доколку се соочувате со ваков проблем се препорачува секојдневно миење на стапалата и често менување на чорапи.
При капење или купка, секогаш користете и четка за стапала за да ги отстраните мртвите клетки од стапалата и ноктите, и памучно или дрвено стапче за отстранување на нечистотијата под ноктите.
* Потоа убаво избришете ги стапалата со сува крпа, вклучително и просторот меѓу прстите, ноктите и кутикулите, бидејќи влажната средина е особено погодна за развој на габички.

Покрај редовната хигиена за здрави нокти и стапала важно е и редовното следење на нивната состојба па за секоја промена , консултирајте се со стручно лице , бидејќи иако најчесто занемарени, стапалата се тие кои не одржуваат активни во текот на целиот ден.