АДЕКВАТНИ ЧЕВЛИ И ПРАВИЛНА НЕГА СЕ НЕОПХОДНИ ЗА ЗДРАВИ НОКТИ И СТАПАЛА

АДЕКВАТНИ ЧЕВЛИ И ПРАВИЛНА НЕГА СЕ НЕОПХОДНИ ЗА ЗДРАВИ НОКТИ И СТАПАЛА

Многу често проблемите со стапалата и ноктите се поврзани со обувките кои ги носиме. Правилниот избор на чевли е всушност инвестиција во здравјето на Вашите стапала.

При купувањето на нови чевли секогаш внимавајте на точната големина.  Oдносно ако едното стапало Ви е подолго од другото земете го поголемиот број. Чевлите треба да обезбедат доволно простор за стапалото и ноктите, без да има лизгање или притисок на петите и врвот од ноктите. Изберете обувки кои имаат добар проток на воздух. На тој начин колку повеќе воздух ќе циркулира толку стапалото ке биде посуво и помалку подложно на габични инфекции.

Доколку често спортувате секогаш имајте два пара на патики, никогаш не го носете истиот пар два дена по ред, затоа што влажната средина е најпогодна за развивање на габични инфекции на ноктите и стапалото. Секогаш чевлите сушете ги темелно и на отворено.

И не заборавајте дека покрај изборот на чевли , за здравјето на стапалата важна е и нивната правилна нега.