ГАБИЧНА ИНФЕКЦИЈА ПОСЛЕ ВЕШТАЧКИ НОКТИ СЕ ЛЕКУВА УСПЕШНО

ГАБИЧНА ИНФЕКЦИЈА ПОСЛЕ ВЕШТАЧКИ НОКТИ СЕ ЛЕКУВА УСПЕШНО

ПРАШАЊЕ ОД ПАЦИЕНТ :

Преку летото имав вештачки нокти на прстите од стопалото, кои навистина изгледаа преубаво. Ама не правев никакви корекции на ноктите во тек на летото и пред месец-два ми ги извади козметичарката. Забележав дека ноктот на едниот палец е малку подигнат од основата и бојата му е жолта а на некои места темна. Се сеќавам дека и го удрив малку ноктот. Дури и задебелување на ноктот е приметливо. Мислев дека за неколку месеци ќе се подобри состојбата, ама напротив, се влошува. Ве молам за совет.

ОДГОВОР ОД ДОКТОР :

Иако самата постапка на ставање на вештачки нокти, го оштетува ноктот, сепак ако оштетувањето е површинско, ноктот после неколку месеци се регенерира.
Во вашиот случај нема спонтано подобрување затоа што веројатно се развила габична инфекција на ноктот.

Габичната инфекција најчесто продира под ноктот, и напредува кон коренот на ноктот и дистално. Кога сте го удриле ноктот, сигурно дошло до одлепување на ноктот од неговото лежиште. Врската меќу акрилот/гелот и ноктот е многу посилна од врската меѓу ноктот и неговата основа, поради што при траума, вештачкиот нокт не испаѓа туку се одлепува прирдониот нокт. Тоа создава идеални услови под ноктот дапочне да се развиваат дерматофитите и да предизвикаат габична инфекција на ноктот. Онихомикозата се манифестира типично со промена во боја и структура на ноктот, значи ноктот станува жолт, задебелен и крт.

Добро е што сте ја забележале промената на време, затоа што колку порано почнеме со третман толку побрзо ќе се излечи инфкецијата. Ноктот обично се подготвува со механичко хемиска абразија за да се отстрани најголемиот делод заболениот нокт. Потоа се продложува со лечење со Питиум Олигандрум (П.0) производите кои даваат брзи и одлични резултати. За 6-9 месеци кај почетни стадиуми на габична инфекција може да постигнеме комплетно излекување. Во текот на третманот, не смее да се користат лакови или гел надградби на ноктите.