ДАЛИ ВЕШТАЧКИТЕ НОКТИ ГИ ЗАЦВРСТУВААТ СЛАБИТЕ НОКТИ?

ДАЛИ ВЕШТАЧКИТЕ НОКТИ ГИ ЗАЦВРСТУВААТ СЛАБИТЕ НОКТИ?

МИТ : Ако имам проблем со меки и кршливи нокти, ставање вештачки нокти или гел ќе ми го реши проблемот

ВИСТИНА : Многу луѓе веруваат дека ако имаат проблем со ноктите, со примена на вештачки нокти ќе добијат добар изглед на ноктите и ќе ги зацврстат ноктите.
Но тоа не е точно . Криењето на проблемот под вештачките нокти, нема да направи проблемот да исчезне. Напротив ќе го влошат проблемот на ноктите. Затоа ако имате кршливи нотки или склоност кон габична инфекција, вештачките нокти не се за вас.

Значи вештачките нокти не се лоши, но не се препорачуваат за особи кои имаат проблем со ноктите.