ДИЈАГНОСТИКА И ТРЕТМАН НА ГАБИЧНИТЕ НОКТИ

НОВ ПРИСТАП ВО ДИЈАГНОСТИКА И ТРЕТМАН НА ГАБИЧНИТЕ НОКТИ

 

 

Габичните инфекции на ноктите (онихомикозите) се многу чест проблем и опфаќаат околу 50% од сите проблеми со ноктите. Кај ноктите кои се заболени од габична инфекција се забележуваат промени во: текстурата, квалитетот и бојата. Ноктите се задебелуваат, стануваат крути и се ронат. По боја може да бидат млечно бели т.е заматени (наместо провидни и безбојни), потоа може да бидат жолти, кафени, дури и зеленикави. Исто така овие нокти имаат непријатна миризба.

101 FOOT клиниката за болести на ноктите, стапалата и дланките располага со најсовремена дијагностика која вклучува онихоскопија на заболените нокти. Со помош на онихоскопијата се утврдуваат промените кои се карактеристични за овој вид на заболување. На тој начин преку поставување на правилна дијагноза се олеснува пристапот во решавањето на вашите заболувања на ноктите и стапалата.

101 FOOT клиниките за болести на нокти и кожа на стaпала и дланки претставуваат уникатен спој на современиот револуционерен пробив во европската медицина – Pythium oligandrum (интелигентни био микроорганизми), надополнет со модерната и иновативна Американска ласерска технологија одобрена од Американското биро за контрола на лекови (FDA).

Pythium oligandrum е микробиолошки предатор за габични и бактериски патогени организми, кој сака да живее во влажна средина. Со цел да добие храна, Pythium oligandrum организмот испушта влакна (хифи – пипци) кои ги обвиткуваат габичните патогени и се “хранат” со нив, со што буквално ги цицаат сите хранливи материи од патогените габи и микроорганизми. Откако ќе ги отстрани сите штетни габи и микроорганизми Pythium oligandrum исчезнува од човечкото тело целосно. Спроведените медицински истражувања преку користење на лабораториски тестови, практично тестирање на пациенти во различни болници, клиники и дерматолошки ординации под надзор на водечки чешки лекари, микробиолози и дерматолози покажа дека Pythium oligandrum микроорганизмот има огромна ефикасност во третирање на десетици форми на проблеми и болести на ноктите, кожата и целото човечко тело.

Доколку забележите промени во квалитетот или бојата на вашите нокти, веднаш закажете преглед. Бидејќи колку порано се дијагностицира заболувањето на ноктите толку поедноставно би било нивното лекување.