ЕНЕРГЕТСКА БОМБА ЗА ВАШИТЕ НОКТИ

ЕНЕРГЕТСКА БОМБА ЗА ВАШИТЕ НОКТИ

Здравите нокти се показател на општото здравје на целиот организам. Дури и малите промени во бојата или структурата на ноктите често знаат да предупредат за дефицит на одредени хранливи материи во исхраната било да се работи за витамини, минерали или протеини . Овие промени најчесто се со реверзибилен карактер и доколку навреме се превземат некои здрави навики, тогаш истите исчезнуваат за кратко време.

Семките од сончоглед се дефинитивно една од намирниците кои треба да бидат застапени во Вашата исхрана доколку сакате да имате здрави и цврсти нокти.
Богатството со витамин Е, цинк и железо во комбинација со витаминот Б6 ги прави вистинска енергетска бомба за целото тело, а особено за Вашите нокти.
Витаминот Б6 е неопходен за правилна ресорбција на цинкот во цревата, а првиот знак за дефицит на цинк во организмот е појава на бели дамки на ноктите и слаб раст.

Сончогледот е и богат извор на бакар кој го забавува растот и развојот на микроорганизмите а дава и одличен сјај и цврстина на ноктите. Магнезиумот е истотака елемент со кој изобилува сончогледот а е важен за поттикнување на растот на ноктите, додека витаминот Е преку подобрување на целокупната циркулација во организмот ги прави сите нутриенти со кои изобилува сончогледот достапни за искористување.

Најубав украс на Вашите раце се здравите нокти, затоа дополнете ја Вашата исхрана со овој здрав додаток уште денес.