ЕСЕНСКИ ЕЛИКСИР ЗА ЗДРАВЈЕТО НА НОКТИТЕ

ЕСЕНСКИ ЕЛИКСИР ЗА ЗДРАВЈЕТО НА НОКТИТЕ

Еден од плодовите на есента , кој несомнено е вистински еликсир за целото тело, е калинката чии бенефити со поновите истражувања особено се потенцираат за здравје на косата, кожата и ноктите.

И покрај тоа што клучно за здрави нокти и општо за здравје на целиот организам е начинот на исхрана доколку не сте љубител на калинката како плод, маслото од семки од калинка е одлична солуција за нега на ноктите и кутикулите како истите би ги искористиле максимално нејзините нутриенти.

Семките од калинката се особено богати со витамини од Б групата, калиум, магнезиум и калциум неопходни за здрави нокти и коса. Витаминот Ц кој овој плод го содржи во изобилство е неопходен за регенерација на сврзното ткиво како и правилна циркулација во пределот на ноктите и кутикулите. Друг елемент со кој истотака е богата калинката а е есенцијален за здрави нокти е цинкот. Организмот има потреба од стабилни нивоа на цинк , за првилна делба и раст на клетките, па ако сакате здрави, долги и некршливи нокти редовниот внес на цинк е неоходен. Дефицитот на цинк истотака предизвикува и појава на бели дамки на ноктите. Маслото од семки од калинка содржи и полифеноли кои имаат антиинфламаторни својства , па покрај хранливата улога има и заштитна улога за Вашите нокти.

Без разлика дали ќе се одлучите за свеж сок од калинка или масажа со неколку капки масло од семки од калинка, потрудете се оваа есен овој плод да биде неизоставен дел од грижата за Вашите нокти!