ЕСТЕТИКА, НО И ФУНКЦИОНАЛНОСТ ПОСЛЕ АРКАДА ТРЕТМАН

ЕСТЕТИКА, НО И ФУНКЦИОНАЛНОСТ ПОСЛЕ АРКАДА ТРЕТМАН

Ноктите се интегрален дел од врвот на прстите. Тие имаат многу функции почнувајќи од заштита на врвот на прстот, придонесуваат за тактилната сензација и помагаат во периферна терморегулација. Поради нивната форма и функционалност, абнормалностите на ноктната единица резултираат не само со естетски туку и со фунционални проблеми.
Промената на формата на ноктот после хронични габични инфекции, доведува до промена и на мекото ткиво околу ноктот па дури и целиот врв на прстот. Освен лошиот изглед, пациентите чувствуваат и проблем со функционалноста на прстот.

Со Аркада методот, преку специјален систем на надоградување , ноктот повторно може да ја добие својата форма. Посебните инструменти и техники кои се користат овозможуваат правилна врска меѓу ноктот и Аркада материјалот што овозможува адекватна хигиена и нега на ноктот, а со тоа спречување на бактериски и габични инфкеции.
Со Аркада серумот се одржува здравјето на ноктот и ноктните набори.
Освен естетиката, ноктот е функционален што се одразува и на целокупното здравје и биомеханиката на стопалото.