ЗА ЗДРАВИ НОКТИ И СТАПАЛА ВО ЕСЕН

ЗА ЗДРАВИ НОКТИ И СТАПАЛА ВО ЕСЕН

Како што деновите стануваат се постудени, важно е навремено да се започне со соодветната грижа за убави и здрави нокти во овој период. Поладното време надвор во комбинација со топлината во нашиот дом може да предизвика кршливост и сувост на ноктите.  А стопалата да станат груби и распукани.

За да Вашите нокти спремни го дочекаат есенскиот период најпрво доколку сте во можност изоставете го лакот за нокти неколку дена. За да можат ноктите да дишат и редовно користете добра крема или масло за кутикули во комбинација со крема за раце. Секогаш убаво масирајте ги целите нокти, не само кутикулите и рацете. На тој начин ќе овозможите редовна хидратација. После туширање апсорбцијата на активните состојки од кремите и маслата е поголема а кутикулите помеки. Па тоа би било идеален период во денот да одвоите уште малку време за себе.

Обезбедете им на Вашите стапала доволна хидратација. Во есенскиот период за нега на стапалата се препорачуваат креми на база на масла.
Барем еднаш неделно ексфолирајте ја мртвата кожа од стапалата. Разгалете ги Вашите стапала со топли купки.

Одберете соодветни есенски обувки. Топлите обувки кои истовремено овозможуваат добар проток на воздух се многу важни во превенцијата на габични инфекции. Исто така, намалените температури надвор влијаат на циркулацијата на целото тело. Па се препорачува носење на покомотни обувки, за одржување на добра циркулација на стапалата.

И секако, не заборавајте дека здравиот начин на живот е основа за здравје на целиот организам. Па искористете ги преостанатите сончеви денови за прошетки, а од чистиот воздух, сончевите зраци и физичката активност секако ке имаат бенефит и Вашите нокти и стопала!