ЗОШТО СЕ ЈАВУВААТ БРАЗДИ НА НОКТИТЕ?

ЗОШТО СЕ ЈАВУВААТ БРАЗДИ НА НОКТИТЕ?

ПРАШАЊЕ ОД ПАЦИЕНТ : Имам 35 години и забележувам бразди на ноктите ама хоризонтални и прилично длабоки. Не е зафатен само еден нокт туку повеќе а бојата на ноктите е нормална. Прв пат во животот ми се јавува ваква промена и сум уплашен. Ноктите секогаш ми биле мазни и здрави. Имав прилично стресен период пред 3-4 месеци па не знам дали тоа може да влијае.

ОДГОВОР ОД ДОКТОР : Браздите и нерамнините на ноктот кои се хоризонтално поставени, Beau линии, се јавуваат како резултат на шок на матичните клетки кои го произведуваат нокотниот материјал. Кога матичните клетки ќе јепрекинат својата работа,едноставно не се формира нотк и сепојавува хоризонтален дефект на ноктот. Причините се најчесто стресни ситуации кко тешко заболување, оперативни зафати, лоша исхрана но и теска психолошка траума како смртен сличај, развод или друг емотивен стрес. Линиите се забележуваат 3-6 месеци после стресниот момент, откако ноктот ќе продолжи да расте. Beau браздите не се опасни и ноктот ќе продолжи да расте нормално.Но проверете ја крвната слика особено шеќерот како и периферната циркулација.
Советувам исхрана богата со протеини и витамини за да го помогнете формирањето на здрав нокт. За естетиката на ноктот, Аркада методот е одличен избор затоа што овозможува ремоделирање на нокотната плоча и го спречува кршењето на ноктот.