И ДОБРИ ДОМАЌИНКИ И ЗДРАВИ НОКТИ

И ДОБРИ ДОМАЌИНКИ И ЗДРАВИ НОКТИ

Хемикалиите ги афектираат ноктите на различни начини, а нивното влијание зависи и од типот на хемикалиите и од општото здравје на ноктите па и целиот организам.

Средствата за одржување во домот, па дури и детергентот за миење садови имаат високо продорно дејство за да ги разложат и најтврдокорните маснотии и дамки. Ова дејство се одразува и на Вашите нокти , и доколку не се користи соодветна заштита првенствено настанува дехидратација на ноктите и кршливост а понатаму и посериозни последици.

Дури и средствата за чистење на подовите истотака имаат тенденција да ги извлекуваат природните маснотии од ноктите и кожата па затоа секогаш при употреба на вакви средства користете гумени ракавици како бариера.

Ве советуваме после употребата на било какво средство за чистење во домот посебно ако не носите заштитни ракавици, секогаш рацете да ги измиете убаво со млака вода а потоа да нанесете соодветна хидратантна крема на целите дланки, и хидратантно масло на ноктите и кутикулите.

Аркада серумот е вистински производ за прва помош на оштетени нокти и кутикули кој поради високата концентрација на колаген дава регенерација за само 7 дена.