КОМБИНИРАН ТРЕТМАН НА ВРАСНАТИ НОКТИ ЗА ЦЕЛОСЕН УСПЕХ

КОМБИНИРАН ТРЕТМАН НА ВРАСНАТИ НОКТИ ЗА ЦЕЛОСЕН УСПЕХ

Формата на ноктот често може да биде предиспозиција за повторување на враснувањето на ноктите, особено кај млади личности, кои спортуваат и имаат динамично темпо на живот.
Потењето на стопалата и последователното омекнување и пукање на ноктот уште повеќе допринесуваат за влошување на враснувањето со продлабочување на инфекцијата и интензивни болки.

Поради силната болка и акутното влошување на враснувањето кое трае неколку месеци, нашите доктори одлучија првин да изведат спикулектомија. Со тој метод се обезбедува, брзо олеснување на болката поради отстранување на спикулата на ноктот која прави најголемо оштетување. После смирување на инфкецијата е изведен Аркада третман за да се коригира формата на ноктот.
Со тоа се обезбеди комплетно излекување на враснувањето.

Но поради формата на ноктот,пациентот и понатаму доаѓа на редовни контроли за да се спречи повторна појава на враснување.