МЕТОДИ ВО ТРЕТМАН НА ВРАСНАТИ НОКТИ

МЕТОДИ ВО ТРЕТМАН НА ВРАСНАТИ НОКТИ

Постојат различни методи кои можат да се применат во решавање на проблемот со враснати нокти зависно од комплексноста на случајот.

Едноставна тампонада на ноктот со благо подигнувње на ивиците на ноктот и аплицирање на мали тампони натопени со антисептик може да помогне кај едноставните случаи.
Потоа пластично цевче правилно аплицирано на нокотната ивица ќе спречи оштетување на мекото ткиво кога ноктот веќе почнал да враснува.

Но подолошките третмани на ноктот, општо именувани како ортониксија, кои ја исправуваат нокотната плоча се вистинските корективни методи кои го решаваат проблемот.
Целта на ортониксијата е е подигнување на ивиците на ноктот кои враснуваат и исправување на нокотната плоча. Примарниот корективен метод за враснатите нокти е апликација на специјална корективна маса.

Аркада методот преку користење на специјален медицински апарат наречен Аркада коцка, овозможува да се стабилизира палецот. За да со специјални инструменти нежно и безболно се подигнат ивиците на ноктот и да се исправи нокотната плоча. А со акрилнаат маса да се стабилириза и зацврсти ноктот во правилна исправена состојба. Исправувањето на ноктот моментално ја олеснува болката и обезбедува натамошен правилен раст на ноктот.