НЕПРАВИЛНО СЕЧЕЊЕ РЕЗУЛТИРА СО ВРАСНУВАЊЕ НА НОКТОТ

НЕПРАВИЛНО СЕЧЕЊЕ РЕЗУЛТИРА СО ВРАСНУВАЊЕ НА НОКТОТ


Причините за враснување на ноктите може да бидат различни, почнувајќи од наједноставно неправилно сечење на нокотот, носење тесни обувки, високи потпетици, при што се врши притисок на палецот. Меѓутоа, има и случаи во кои генетиката или формата на нокотот е неправилна, односно генетски детерминирана и тоа се малку покомпликувани случаи.

Кај неправилно и длабоко сечење на ноктот, останува врв од ноктот длабоко во латералниот превој на ноктот. Тој врв ја оштетува кожата и околното ткиво и предизвикува инфекција и воспаление на мекото ткиво. Местото околу ноктот станува осетливо и болно а движењето отежнато.

Со Аркада пристапот во лечењето се овозможува врвот од ноктот да израсне правилно а мекото ткиво да заздрави нормално за само неколку месеци.
Ако чувствувате болка во палецот на стопалото и се сомневате на враснување, не сечете го ноктот сами, туку обратете се на нашите доктори во 101 Foot Clinic.