ОДЛИЧЕН ТРЕТМАН КАЈ ОНИХОГРИФОЗА НА НОКТИТЕ

ОДЛИЧЕН ТРЕТМАН КАЈ ОНИХОГРИФОЗА НА НОКТИТЕ

Онихомикоза е габична инфекција на ноктите која предизвикува промени во боја, структура и форма на ноктите. Бојата станува жолта и матна, до кафеава и зеленкаста. Структурата е кршлива, задебелена и неправилна. Формата на ноктите често се мнеува поради задебелувањето.

Онихогрифоза се јавува кај 50% од случаите со онихомикоза. Онихогрифозата е состојба кога ноктот ноктот расте побрзо на едната страна отколку на другата. Честото име на овој проблем е *овенски рог* поради тоа што ноктите задебелуваат и закривуваат како рог од овен.
Таквата промена предизвикува враснување на ноктите, што ја комплицира веќе постоечката габична инфекција.

Кај пациентот нашите доктори одлучија да изведат првично механичко хемиска абразија за да ја нормализираат формата на ноктот и да обезбедат полесно лекување на габичната инфекција. Со абразијата се овозможи и удобност на пациентот во обувките и при движење. Потоа продолжи третман со Питиум Олигандрум облоги , кои помагаат не само во лечење на ноктот туку и во нормализирање на неговата форма и структура.

За само три месеци се забележуваа значителни резултати но терапијата ќе продолжи до комплетно излекување.