ПОВТОРУВАЧКА ОНИХОМИКОЗА МОЖЕ ДА Е ЗНАК НА НЕИЗЛЕЧЕНО АТЛЕТСКО СТОПАЛО

ПОВТОРУВАЧКА ОНИХОМИКОЗА МОЖЕ ДА Е ЗНАК НА НЕИЗЛЕЧЕНО АТЛЕТСКО СТОПАЛО

ПРАШАЊЕ ОД ПАЦИЕНТ :

Имам габична инфекција на палецот и на четвртиот прст на стопалото веќе неколку години. Мислам дека прво почна на четвртиот прст. Користев лак проти габична инфекција кој навистина ми помогна. Но откако престанав да користам, инфекцијата пак се врати. Пак пробав со истиот лак и пак после прекинот инфекцијата се врати. Забележувам и дека кожата помеѓу четвртиот и петиот прст почнува да ми се лупи пред да ми се врати инфекцијата на прстите. Освен лупење чувствувам и чешање на кожата. Каде грешам во третманот?

ОДГОВОР ОД ДОКТОР :

Габичната инфекција на ноктите многу лесно се добива. Еден од најчестите патишта за добивање на габична инфекција на ноктите е со ширење на габичната инфкеција од кожата на ноктите. Атлетско стопало е габична инфкеција на кожата на стопалата. Најчесто се јавува меѓу прстите, особено четвртиот и петиот прст па потоа се шири на целото стопало и на ноктите. Првин почнува со шешање, па се јавува црвенило и лупење на кожата. Ако инфекцијата се влошува, кожата пука и стануваболна и непријатна. Често од кожата оваа инфекција се пренесува на ноктот од четвртио прст, па потоа преминува на палецот, преку пренесување со инструментите за нега на ноктите.

Симптомите на атлетско стопало може да се смират во тек на лето, иакоинфекцијата обично не е излечена. И пак се влошува кога ќе се создадат поволни услови а тоа како напр. топла и влажна средина. Спортски активности кои се проследени си потење на стопалото често ја поттикнуваат повторно инфекцијата.
И покрај тоа што ја лечите габичната инфкеција на ноктите, не сте ја излечиле габилната инфекција на стопалото. Поради тоа проблемот со ноктите се повторува.

Затоа нашиот пристап во лечењето е сеопфатен. Питиум Олигандрум третманот, има посебен начин на апликација и делува на истовремено лечење и на ноктите и на стопалото. На тој начин добиваме симултан третман и радикално лекување на габичната инфкеција, што ја елиминира можноста за повторување на инфекцијата. Со советите за понатамошна нега на стопалото, се овозможува превенција и спречување на повторно добивање на инфекцијата од други извори.