ПОДГОТОВКА НА НОКТОТ И ПИТИУМ ОЛИГАНДРУМ СЕ ФОРМУЛА ЗА УСПЕХ ВО ТРЕТМАНОТ

ПОДГОТОВКА НА НОКТОТ И ПИТИУМ ОЛИГАНДРУМ СЕ ФОРМУЛА ЗА УСПЕХ ВО ТРЕТМАНОТ

Габичната инфекција на ноктите им ја менува структурата,бојата и формата на ноктите, Доколку инфекцијата трае со години и не се лекува, настанува изразено задебелување на ноктите со формирање на многу слоеви.
Поради притисокот од чевлите, ноктите добиваат форма на рог и се искривуваат на една страна. Пациентот има болка, проблеми во движење, неможност да носи чевли.

Докторите од 101 Foot Clinic изведуваат првин хемиска подготовка на ноктот која овозможува омекнување на структурата на ноктот. Поради тоа што хемискиот препарат се нанесува директно на ноктот, се спречува можност за нова инфекција. Потоа со специјални стерилни инструменти во различен облик се абрадира ноктот за да се нормализира неговата форма.

Истенчениот абрадиран нокт е основа за третманот со ПО или ласер да делува оптимално и во лежиштто на инфекцијата што овозможува брзо и ефикасно лечење на инфекцијата.