ПОМОГНЕТЕ СИ, НО НЕ ПАЃАЈТЕ ВО ИСКУШЕНИЕ САМИ ДА СИ ГО ИСЕЧЕТЕ НОКТОТ

ПОМОГНЕТЕ СИ, НО НЕ ПАЃАЈТЕ ВО ИСКУШЕНИЕ САМИ ДА СИ ГО ИСЕЧЕТЕ НОКТОТ

ПРАШАЊЕ ОД ПАЦИЕНТ : Има враснување на ноктите кое често ми се повторува особено откако ќе почнам да носам чевли во есен. Има многу препораки на интернет како сама да си помогнам и искрено некои методи пробав. Купките малку ми ја олеснуваат болката ама само привремено. Дали можам јас нешто да направам за да ја спречам или барем ублажам оваа состојба?

ОДГОВОР ОД ДОКТОР :

Враснувањето на ноктите е комплексен проблем кој може да биде причинет од повеќе фактори како тесни обувки, неправилно сечење на ноктите, повреда, положба на стоење и одење , хигиена на ноктите, а секако голема улога игра и наследниот фактор.

Секако доколку имате предиспозиции или веќе сте имале ваков проблем она што вие можете да го направите се редовни купки со топла вода на стапалата , што веќе сте го пробале. Но после купката нежно со памучно стапче турнете ја кожата околу ноктот. Честото и многу кратко сечење на ноктите истотака може да предизвика нивно враснување при растот па затоа одржувајте ги на некоја оптимална должина со помош на турпија. Носете обувки кои оставаат доволно простор на ноктите, а истовремено дозволуваат стапалата да дишат бидејќи и потењето на стапалата може да направи деформации на ноктите.

Доколку веќе настане состојба на враснување после миење на стапалото со топла вода и сапун , и убаво сушење со сува крпа пробајте во просторот меѓу ноктната плоча и кожата да вметнете мало парче газа или вата, за да се подигне ноктот. Повторете ја постапката неколку дена и доколку нема подобрување обратете се кај стручно лице, како не би дошло до инфекција или некоја посериозна компликација.

Исто така, ако враснувањето трае долго време и се создала гранулација околу ноктот, домашните методи нема да помогнат многу освен во ублажување на болка. Не паѓајте во искушение сами да си го сечете ноктот затоа што така уште повеќе ќе ја влошите состојбата,
Матодите за лечење на враснати нокти се различни и доктор специјалист во оваа област најдобро и за наккратко време ќе ви го реши проблемот.