ПРВИТЕ ЗНАЦИ НА АНЕМИЈА СЕ МАНИФЕСТИРААТ НА НОКТИТЕ

ПРВИТЕ ЗНАЦИ НА АНЕМИЈА СЕ МАНИФЕСТИРААТ НА НОКТИТЕ

Еден од најчестите облици на анемија во организмот е железо дефицитарната анемија која се јавува како резултат на нарушена исхрана односно намален внес на железото или негова намалена ресорбција во организмот. Недостигот на железо во организмот доведува до намалена продукција на црвени крвни клетки и намалена снабденост на организмот со кислород па иако анемијата најчесто се поврзува со симптоми од типот на вртоглавици и слабост на организмот, сепак првите знаци на анемија најчесто се манифестираат токму на ноктите.

Кај железо дефицитарната анемија ноктите стануваат тенки, кршливи, назабени со подигнати гребени на површината на ноктната плоча. Во ваква состојба ноктите се поподложни на габични инфекции како резултат на нарушувања во нивната структура и форма. Доколку на време се открие анемијата и се третира истата, состојбата на ноктите се подобрува иако не толку брзо колку што би сакале поради бавниот раст на ноктите.
Затоа, многу често е потребно да се користи и Аркада серум со колаген за целосно зајакнување на ноктите.

И ноктите како и кожата брзо реагираат како на надворешните влијанија така и на внатрешните промени во организмот, па затоа доколку забележите било каква промена на Вашите нокти, обратете кај стручно лице кое ќе Ве упати на понатамошни испитувања, како би можело навремено да се реагира доколку постои посериозно заболување кое ги индуцира тие промени.