ПРЕКУМЕРНОТО ПОТЕЊЕ Е ОСНОВА ЗА ПОЈАВА НА ГАБИЧНИ ИНФЕКЦИИ НА СТАПАЛАТА

ПРЕКУМЕРНОТО ПОТЕЊЕ Е ОСНОВА ЗА ПОЈАВА НА ГАБИЧНИ ИНФЕКЦИИ НА СТАПАЛАТА

Прекумерното потење на стапалата се нарекува хиперхидроза. Таа состојба е почеста кај мажите отколку кај жените и почеста кај младите отколку кај постарите. Потењето е природен начин за ладење на нашето тело. Плантарна хиперхидроза е локализирана на плантарната страна на стoпалото (на дното). Испотени нозе може да доведат до, или да ги влошат проблемите како што се микоза, плантарни брадавици или други кожни состојби. Постојат повеќе од 250.000 потни жлезди во секоја нога . Секоја нога , нормално, произведува половина литар влага дневно. 

Постојат различни причини зошто нашите нозе се потат. Иако оваа состојба најчесто е предизвикана од емоционален стрес или физичка активност, постојат и други причини. Наследноста се вели дека игра улога.

Исто така вашето ниво на токсичност , може да предизвика вашите нозе да се потат. Отровите потекнуваат од храната која ја јадеме, која е богата со заситени масти. Алкохолот е исто така отров. Ако не вежбате често , овие токсини може да се развијат и да предизвикаат потење на вашите нозе како и на другите делови од вашето тело.

Нозете исто така може да се потат поради видот на обувките што ги користите. Одредени обувки – како памучни или најлон чорапи, или чевли направени од пластика или некои кои имаат постава од синтетичка ткаенина спречуваат испарување на потта. Чорапи од најлон како и 100% памучни чорапи може да дејствуваат како сунѓер и да ја задржуваат влагата . Ова ги одржува вашите нозе влажни цело време и доведува до дополнителни проблеми како тинеа педис ( атлетско стапало ) и габи на ноктите. Лечењето на овие инфекции е многу тешко и бавно,особено кај личности со прекумерно потење. Но П.О третманот овозможува и регулирање на потењето и уништување на патогените габички што обезбедува одлични резултати.