РЕЗУЛТАТИ КОИ ВООДУШЕВУВААТ СО АРКАДА МЕТОДОТ НА ЛЕЧЕЊЕ

РЕЗУЛТАТИ КОИ ВООДУШЕВУВААТ СО АРКАДА МЕТОДОТ НА ЛЕЧЕЊЕ

Постојат различни методи кои можат да се применат во решавање на проблемот со враснати нокти зависно од комплексноста на случајот. Kога враснувањето трае долго време, се јавува хронично воспаление кое резултира со формирање на гранулом околу спикулата од ноктот. Тие случаи често завршуваа со хируршко вадење на ноктот.

Но сега постои нов пристап кој дава воодушевувачки резултати. Лечењето во таков случај е комплексно и бара неколку пати да се повтори третманот. Но вреди да се биде стрплив.

Аркада методот преку користење на специјален медицински апарат наречен Аркада коцка, овозможува да се стабилизира палецот за да со специјални инструменти нежно и безболно се подигнат ивиците на ноктот и да се исправи нокотната плоча а со акрилнаат маса да се стабилириза и зацврсти ноктот во правилна исправена состојба.

Исправувањето на ноктот моментално ја олеснува болката и обезбедува натамошен правилен раст на ноктот.