САМО ЗДРАВИТЕ НОКТИ МОЖАТ ДА БИДАТ ЗАВОДЛИВИ

САМО ЗДРАВИТЕ НОКТИ МОЖАТ ДА БИДАТ ЗАВОДЛИВИ


Сите сакаме здрави и убаво негувани нокти. Меѓутоа најчесто поради секојдневните обврски и брзото темпо на живот, грижата за ноктите започнува дури откако ќе воочиме некој проблем.
Ви посочуваме неколку здрави навики кои ги имаат жените со здрави и убаво негувани нокти.

Пред да започнете било каков третман на ноктите бидете сигурни дека ноктите и кожата околу нив се чисти и суви. Отстранете ги остатоците од лак и измијте ги рацете со сапун, па убаво избришете.
Не користете метални алатки за чистење под ноктите. Бидејќи така може да дојде до одвојување на ноктната плоча од кожата, што би довело до воспаленија и можни инфекции. И кратките нокти се убави доколку се здрави, па затоа доколку имате проблем со кршливи и тенки нокти не форсирајте долги нокти бидејќи така проблемот се влошува.
Одржувањето на кутикулите е истотака многу важно. Бидејќи тие ја заштитуваат базата на ноктот, од навлегување на бактерии и инфекции, па затоа само нежно потурнете ги со дрвено стапче после туширање, без да ги сечете и отстранувате.

И за крај, запомнете дека само здравите нокти можат да бидат заводливи како и убавата насмевка!