СО АРКАДА ДО ПРАВИЛНО ИЗРАСНУВАЊЕ НА НОКТОТ

СО АРКАДА ДО ПРАВИЛНО ИЗРАСНУВАЊЕ НА НОКТОТ

Враснувањето на ноктот е состојба која често се повторува кај пациенти чија форма на ноктот предиспонира враснување. Самиот пациент лесно ги препознава симптомите на враснување кои се манифестираат како болка, црвенило, оток. Секако дека отстранувње на делот од ноктот кој враснува е логична постапка и многу пациенти и самите си го исекуваат ноктот.

Но за жал исекувањетот го решава првичниот акутен проблем и обезбедува смирување на воспалението. Но како што ноктот расте и добива должина, враснувањето пак се повторува.
Затоа е неопходно после смирување на болната. инфламаторна фаза, да се испланира втора фаза во третманот која ке оибезбеди правилно изникнување на ноктот. Зависно од степенот на враснување може да се применат едноставни методи како тампонада со адекватен материјал или аркада метода со комплетно ремоделирање на ноктот.
Кај нашиот пациент се одлучивме за аркада третман поради комплексноста на сличајот. Специјалната акрилна маса со која е моделиран ноктот му дава правец на раст и обезбедува насочено израснување на ноктот до добивање на полна должина и правилна форма.