СО АРКАДА СИСТЕМОТ СЕ ИСПРАВУВААТ И ПИНЦЕР НОКТИТЕ

СО АРКАДА СИСТЕМОТ СЕ ИСПРАВУВААТ И ПИНЦЕР НОКТИТЕ

Еден од 10 пациенти со проблем на ноктите имаат пинцер нокт. Пинцер ноктите се еден тип на враснати нокти кои се јавува поради тоа што ноктите имаат зголемена кривина и притискаат во мекото ткиво на ноктот.

Пациентите имаат голема болка како при мирување така и при движење. Исто така чувствуваат како да имаат нешто под ноктот што е резултат на тоа што ноктот го заробува мекото ткиво под него..
Се јавуваат често кај особи кои неправилно користеле турпија за нокти, потоа поради притисокот од тесни чевли, кај постари кои имаат дегенеративен артритис, кај габична инфекција итн.

Решение за овие нокти е исправување на нокотната плоча. Со специјални инструменти од Аркада системот, ноктите се подигнуваат и исправуваат. Потоа се ремоделира нивната форма во правилна нокотна плоча.
Болката исчезнува, а мекото ткиво кое било долго време притиснато се регенерира комплетно со помош на колагенот од Аркада серумот.