4 КЛУЧНИ НУТРИТИЕНТИ ЗА ЗДРАВИ НОКТИ

4 КЛУЧНИ НУТРИТИЕНТИ ЗА ЗДРАВИ НОКТИ

Здравјето и изгледот на ноктите зависи од многу фактори, почнувајќи од генетика, преку здравствени состојби и заболувања па до исхрана и адекватна нега. Значи не е само генетиката таа што одредува какви нокти ќе имаме. Нашиот животен стил и исхраната играат голема улога врз нашето целокупно здравје, кое пак се рефлектира на ноктите. Со внесување на соодветни хранливи материи можеме значително да им помогнеме на нашите нокти.
Постојат четири клучни нутритиенти кои можат да придонесат вашите нокти да бидат појаки, подолги и поздрави.

1. Протеини – ноктите се изградени од кератин, кој е всушност протеин, поради што многу е важно да се внесува храна богата со протеини, за да се одржат ноктите здрави. Ако јадете месо, јајца или друга храна богата со протеини, тогаш нетреба да се грижите, доколу не јадете месо или сте вегетаријанец, тогаш во вашата исхрана додадете ги продуктите како што се: гравот и киноата.
2. Цинк – недостаток на цинк може да биде причина за успорен раст на ноктите, слаби нокти и бели дамки врз ноктната плоча. Доколку имате вакви симптоми би требале повеќе да внесувате храна богата со цинк како што се: остригите, семките од тиква, сусам, јагнешко и телешко месо.
3. Железо – ако вашите нокти се тенки, искривени, вдлабнати во средината, тоа е знак за анемија или недостаток на железо. Во тој случај внесувајте повеке црвено месо, спањак, школки.
4. Биотин – помага за раст на здрави нокти, помага во метаболизмот на телото. Најдобро е биотинот да се внесува преку суплементи, или пак со храна како што се: јајцата, лососот и житарките

Подобрете го внесот на овие хранливи материи во исхраната и Вашите нокти ќе бидат поздрави и поцврсти. А дополнително аплицирајте Аркада серум со колаген кој ќе ја подобри структурата и сјајот на ноктите.