БАКТЕРИСКА ИНФЕКЦИЈА

ШТО Е PSEUDOMONAS?

Pseudomonas е честа бактерија во домакинството, која вирее во многу средини, вклучувајки ја и водата и влажната почва. Тоа е главниот виновник за несаканата појава позната како „зелени нокти“.
Pseudomonas е заедничко име дадено за бактерија, која ја претвора бојата на ноктите во зелена. Поголемиот дел од времето, ноктите не обезбедуваат услови за развој на оваа бактерија. Но, постојат моменти, кога условите се совршени, и бактериите го запоседнуваат врвот на ноктот, под ноктот и под израстоткот на ноктот. Кај напредните случаи, се јавува во темно зелена боја, па дури со темни дамки на ноктите. Но, ова не е мувла.
Мувла е габа; зелените точки се бактериски – и бактеријата „Pseudomonas“ што ја предизвикува појавата на зелени нокти, може да е присутна речиси насекаде, – на растенијата и животните, во почвата, па дури и во водата. Со оглед на нивната распространетост, кај луѓето може да се развие инфекцијата псеудомонас и појава на зелени нокти. Се што е потребно е кожата на ноктите да биде компромитирана, а потоа изложена на бактеријата Pseudomonas.

Со оглед на тоа дека зелени нокти може да се развијат дури и без додатни елементи, техничарите треба постојано да бидат внимателни, темелно да ги чистат реквизитите со кои работат во салоните, да одржуваат хигиена на рацете, како и хигиена на рацете на клиентите. Внимателно чистење и дезинфекција на површината на ноктите е од суштинско значење пред аплицирање на производот. Кога се аплицира производот на ноктот кој е заболен од бактеријата Pseudomonas, се создава околина речиси без кислород- што на оваа бактерија едноставно и одговара.

КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОЈАВА НА PSEUDOMONAS?

Со оглед на тоа што Pseudomonas е толку честа појава, речиси е невозможно да се избегне. Готвење, чистење и градинарство се задачи кои неможат да се избегнат, а од друга страна овие задачи не изложуваат на бактеријата. Микроскопски организми се наоѓаат во почвата, водата и вегетацијата, и кога ноктот е компромитиран на било кој начин, како посекотина на пример, бактеријата може да се “зароби” во подлогата на ноктот.
Жените кои често одат во козметички салони за маникир на нокти, користат акрилни нокти како подобрувачи на изгледот на ноктот. Во тие случаи особено се изложени на ризик ако површината на ноктите не се чисти темелно пред да се постави акрилот. Користење прибор и додатна опрема, која што не е соодветно дезинфицирана, исто така го зголемува ризикот од инфекција.

КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ НА PSEUDOMONAS?

Ќе знаете дека сте инфицирани со Pseudomonas кога ќе видите чудна зелена или сива дамка на или под ноктите. Ако не се лекува, инфекцијата ќе напредува, дамките ќе се прошират и ќе добијат потемна зелена или црна боја, а ова се должи на железото под ноктите. Вашите нокти може да станат меки, влажни и да се одвојуваат од подлогата на ноктот.
Слично со инфекциите со габи, инфекцијата псеудомонас не претставува реална опасност за вашето здравје, но многу луѓе ја третираат оваа инфекција, бидејќи не е пријатна за гледање. Важно е да се прави разлика помеѓу овој тип на инфекција, и инфекција од мувла или инфекција со габа, затоа што лечењето е различно. Со оглед на тоа што инфекцијата Pseudomonas е предизвикана од бактерија, таа е почеста од инфкециите со габи. Добра вест е што многу полесно се лечи.