ГАБИЧНА ИНФЕКЦИЈА

ШТО Е ГАБИЧНА ИЛИ ИНФЕКЦИЈА СО КВАСЦИ?

Габичните инфекциии на ноктите (онихомикоза) се многу чести – афектирајќи еден од десет од популацијата во Велика Британија. Околу половина од сите проблеми со нокти се поврзани со габичната инфекција. Ги зафаќа повеќе мажите отколку жените, и се почеста е со стареењето на луѓето. Се јавува почесто на ноктите на нозете, отколку на ноктите на рацете и затоа нозете почесто се споменуваат. Во двата случаи, третманот и следствените резултати се слични.

Габичните инфекции се лоши на изглед. Ноктот станува задебелен или безбоен; може да пожолти, да стане кафеафкаст, портокалов или во бела боја. Може да има и црни делови на крварење, како резултат на траума, или делови со темно зелена боја како резултат на бактериска инфекција. Ноктите може да станат кршливи или да се дробат, трошат. Во некои случаи остатоци се собираат под ноктот и имаат непријатен мирис. Додека некои на габичната инфекција гледаат само како на чисто козметички проблем, ноктите стануваат задебелени, тотално безбојни и трошливи, што може да предизвика значителен срам и самосвест. Може да биде болна додека одите, може да развие зрна на страна од ноктот и со тоа станува невозможно да се скрати ноктот, предизвикувајки зараснување на ноктот во месото. Покрај тоа станува извор на габи, што во континуитет може да ја инфицираат кожата на ногата.

ШТО ПРЕДИЗВИКУВА ПОЈАВА НА ГАБИЧНА И КВАСНА ИНФЕКЦИЈА?

Габичните инфекции на ноктите често резултираат со оштетување на плочата на ноктот, што овозможува габата или атлетското стапало да го нападне ноктот. До 30 % од пациентите со габична инфекција на ноктите, имаат и инфекција на кожата. Топли, испотени нозе, целодневно носење на чевли, обезбедуваат идеална топла, влажна средина за развој на габите.
Габичните инфекции, првенстевно се предизвикани од дерматофити, но, исто така и од кандида и разни квасци и мувли, кои успеваат и се развиваат во овие услови. На пример, дерматофитната Tricophstym rybrym, е одговорна за околу 90% од сите инфекции на ноктите.

Фактори кои го зголемуваат ризикот од инфекции на ноктите се:
• Оштетување или грицкање на ноктите
• Медицински состојби како што се: дијабетес, псоријаза, или ослабен имунолошки систем
• Пушење
• Општа лоша здравстевна состојба
• Траума на ноктите – на пример, трчање или слабо прилагодени обувки

Сериозни здравствени состојби како дијабетес и слаба циркулација, може да се потенцијали за влошување на условите, а можеби и појава на секундарна бактериска инфекција. Габата може да се развие кога ногата се држи подолго време во топли, влажни чевли. Потоа заедничко користење на влажни пешкири, недоволна хигиена на нозете, одење по контаминирани подови, и употреба на лошо стерилизирана опрема за сечење на нокти, се останатите начини на кои нозете може да бидат изложени на габата.
Се проценува дека 5 до 10 проценти од возрасните , и речиси половина од оние на возраст од плус 70 години, страдаат од габична инфекција на ноктите.

КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ НА ГАБИЧНА И КВАСНА ИНФЕКЦИЈА?

Многу луѓе афектирани од габична инфекција ќе забележат промени во текстурата, квалитетот и бојата на ноктите. Може да помине извесно време додека тоа стане значајно, видливо, и уште повеќе време додека се почне со третирање на проблемот или се побара лекарски совет. Во случај на ноктите на прстите на рацете, е видливо кога ќе се отстрани лакот или гелот од ноктите.
Типични први знаци се пожолтување или дисколорација на врвот од ноктот или областа во рамките на ноктот. Првично може да има незначајно подигнување на крајот на ноктот. Може да има сува кожа околу ноктите, или истотака, таканаречени варовити остатоци под ноктот.

Во нашата клиника, дијагнозата се воспоставува по разговор за прогресија на болеста, заедно со преглед на ноктите. Лесно се дијагностицира карактеристичната промена на бојата на ноктот во кафеава, жолта, бела или портокалова, потоа распаѓањето и задебелувањето на ноктот. На ноктите често се појавуваат дисколорантни надолжни линии, кои се протегаат од коренот до врвот на ноктот. Доколку постои сомневање, примерок од ноктот може да биде испратен на анализа, за потврда на дијагнозата, иако тоа не е секогаш доволно. Исто така треба да бидат дијагностицирани и бојата и текстурата на ноктот на кој се менуваат, заедно со знаците за атлетско стапало – белина помеѓу прстите на нозете, црвена граница и размер до подножјето, мали гнојни точки околу лакот и границата или чешање.