ХЕМИСКА АБРАЗИЈА



Користењето на уреа паста за абразија или авулзија на дистрофични нокти се применува во третманот на онихомикоза, онихогрифоза, псоријаза и кандида и бактериски инфекции. Нокотните плочи кои се значајно дистрофични се смета дека реагираат подобро на отстранување со уреа паста. Предностите на спроведување на нехируршка авулзија на ноктот со уреа паста вклучуваат отсранување на болка, низок ризик од инфекција, некрвава процедура, брзо опоравување и недостаток на болка во тек и после третманот.

Авулзијата со уреа е иделен третман за симптоматски дистрофични нокти кај пациенти со дијабетска невропатија, васкуларни заболувања или имуносупресија. Уреата делува преку разградување на врската меѓу лежиштето на ноктот и нокотната плоча а исто така и го омекнува ноктот. Постапката на отстранување е безболна, и нема потреба од анестезија. Отстранетата зона се третира со топични антифунгални производи.