КУРЈЕ ОКО

Kако реакција на зголемен притисок на коскените проминенции на стапалата и прстите. Клавусите често се сретнуваат кај спортистите и кај личности кои се изложени на нерамномерно триење и притисок од обувките и или имаат неправилности во движењето. Абнормалната механика на стапалото, деформитетите на стапалото, изразена физичка активност и посериозни состојби како периферна неуропатија исто придонесуваат за појава на курје око.

Кај курје око, надворешните механички сили се фокусирани на локализирана зона на кожата, што води до импакција на надворешниот слој од кожата, стратум корнеум, и формација на цврсто кератинско јадно, наречено јадро или корен, кој врши притисок на папиларниот дермис што резултира со изразена болка кај пациентот.

Клинички се опишуваат три типа на курје око. Првиот тип е цврто курје око или хелома дурум, карактеристичен по својот сув, испакнат излгед. Се формира најчесто на интерфалангеалните зглобови, но и табаните и страните на прстите. Вториот тип е меко курје око, или хелома моле, која е опишан така поради мацерираната текстура како резултат на влажноста. Најчесто се сретнува во интердигитално, меѓу прстите, обично 4-ти и 5-ти прст. Третиот тип е периунгвален тип, и се сретнува блиску или на ивицата на ноктот.