ЛАСЕРСКО ОТСТРАНУВАЊЕ НА БРАДАВИЦИ

Брадавиците уште познати и како верука се мали израстоци на кожата кои се јавуваат скоро кај секој човек во одреден дел од неговиот живот. Можат сами да исчезнат но можат и да траат од неколку месеци до неколку години. Брадавиците сами по себе не се опасни по човековото здравје, но кај некои луѓе можат да предизвикаат бол, чешање и непријатност. Во најголем број случаи брадавиците се болни и болката подсеќа на убод од игла, а тоа е зато што се лоцирани на табаните од стапалата. Уште се нарекуваат и планетарни брадавици токму поради фактот што најчесто се јавуваат на стапалата. За разлика од другите видови на брадавицi, веруките не штрчат над кожата поради самиот притисок на стапалата.

Брадавиците се предизвикани од вирус кој влегува низ микроскопски гребнатини и пукнатини во стапалата. Брадавиците се најчесто со големина на зрно грашок и може да се појават во долниот дел од стапалата, помеѓу прстите или под ноктите и може да бидат причина за голема непријатност.

101 Foot клиника презема сериозни мерки за заштита на пациентите за време и по третманот за отстранување на брадавици. Ние ги преземаме сите мерки на претпазливост за пружање на максимална удобност на нашите клиенти во текот на секоја фаза од постапката.

Покрај неколкуте опции за отстранување, ласерскиот третман за брадавици сепак е најсофистицираниот пристап.
Ласерот работи преку селективно уништување на крвните садови на брадавицата, без оштетување на околното ткиво. Со уништувањето на крвните садови кои ја хранат и одржуваат брадавицата, се овозможува ефикасно отстранување на овие лезии на кожата, но, исто така, истовремено, се уништива и вирусот кој го предизвикал појавувањето на брадавиците. Во случај кога брадавицата е покриена со калус односно задебелна кожа, најпрвин преку механичка абразија се отстранува задебелената кожа а потоа се изведува ласерскиот третман.

Голема предност на Nd: Yag ласер терапијата е фактот што ласерскиот зрак не се шири на здрави клетки и не го оштетува здравото околно ткиво. Ласерот веднаш ги коагулира крвните садови, и на тој начин спречува крварење. После третманот на местото каде е отстранета брадавицата се јавува мала лузна која во рок од недела или две целосно исчезнува. Ласерскиот третман се покажал како најуспешна опција во отстранувањето на брадавиците. Клиничите студии покажуваат процент на ефикасност од дури 96%.

Докторите во 101 Foot клиниката имаат долгогодишно искуство во идентификување и успешно отстранување на брадавици. Доколку се сомневате дека имате брадавица на стапалата или дланките консултирајте се со Вашиот доктор подолог од 101 Foot клиниката.