БИО ТРЕТМАН НА ГАБИЧНА ИНФЕКЦИЈА

Габичните инфекции на ноктите (онихомикозите) се многу чест проблем и опфаќаат околу 50% од сите проблеми со ноктите. Кај ноктите кои се заболени од габична инфекција се забележуваат промени во: текстурата, квалитетот и бојата. Ноктите се задебелуваат, стануваат крути и се ронат. По боја може да бидат млечно бели т.е заматени (наместо провидни и безбојни), потоа може да бидат жолти, кафени, дури и зеленикави. Исто така овие нокти имаат непријатна миризба.

Нашата клиника располага со најсовремена дијагностика која вклучува онихоскопија на заболените нокти. Со помош на онихоскопијата се утврдуваат промените кои се карактеристични за овој вид на заболување. На тој начин преку поставување на правилна дијагноза се олеснува пристапот во решавањето на вашите заболувања на ноктите и стапалата.



101 Foot клиниките за болести на нокти и кожа на стапала и дланки претставуваат уникатен спој на современиот револуционерен пробив во европската медицина – Пѕтхиум олигандрум (интелигентни био микроорганизми), надополнет со модерната и иновативна Американска ласерска технологија одобрена од Американското биро за контрола на лекови (ФДА).

Пѕтхиум олигандрум е микробиолошки предатор за габични и бактериски патогени организми, кој сака да живее во влажна средина. Со цел да добие храна, Пѕтхиум олигандрум организмот испушта влакна (хифи – пипци) кои ги обвиткуваат габичните патогени и се “хранат” со нив, со што буквално ги цицаат сите хранливи материи од патогените габи и микроорганизми. Откако ќе ги отстрани сите штетни габи и микроорганизми Пѕтхиум олигандрум исчезнува од човечкото тело целосно. Спроведените медицински истражувања преку користење на лабораториски тестови, практично тестирање на пациенти во различни болници, клиники и дерматолошки ординации под надзор на водечки чешки лекари, микробиолози и дерматолози покажа дека Пѕтхиум олигандрум микроорганизмот има огромна ефикасност во третирање на десетици форми на проблеми и болести на ноктите, кожата и целото човечко тело.

101 Фоот клиниката во својот концепт на третирање на проблемите со нокти и кожа на стапала и дланки од друга страна единствено ги користи најсовремените американски ласерски технологии и апарати за кои постои одобрение за користење и потврдена медицинско-научна и клиничка ефикасност против проблеми и болести на нокти и кожа на стапала и дланки од страна на најпрестижната и најреспектирана светска здравствена институција – Американското биро за контрола на лекови (ФДА).

Доколку забележите промени во квалитетот или бојата на вашите нокти, веднаш закажете преглед. Бидејќи колку порано се дијагностицира заболувањето на ноктите толку поедноставно би било нивното лекување.