МЕДИЦИНСКИ ПЕДИКИР

Здрав и убав изглед на вашите нокти и стапала е сон на секоја современа жена и маж. Затоа и салоните за убавина се преполни со третмани за разубавување и негување на вашите стапала. Но дали со класичните третмани за педикир навистина го добивате она што го очекувате: здрави и убави стапала?

Најновите медицински истражувања укажуваат на фактот дека голем дел од нашата популација добива габична инфекција на своите нокти и стапала токму по посетата на козметичките третмани за педикири и маникири. Зошто е тоа така?

Козметичките салони нудат услуги за негување и разубавување на вашите стапала притоа не запазувајќи ги строгите медицинско-хигиенски стандарди. Имено, преку користење на нестерилизирани инструменти, кадички со вода кои во голема мера се фактор за пренесување на габични инфекции на стапалата, потоа нестерилни пешкири и слично, доаѓа до пренесување на габичната инфекција од лице кое веќе имало габична инфекција.

Значи наместо да добиете здрав и убав изглед на вашите стапала вие сте исложени на ризик од пренесување на габични инфекции и други можни кожни инфекции токму како резултат на непостоење и непочитување на најстрогите стандарди за медицинко-хигиенска заштита при третирањето на вашите стапала.

Нашата клиника нуди единствено медицински педикир кој подразбира сува процедура која ја изведува високо обучен тим на подолози ‘ специјалисти за стапала. За разлика од козметичките салони, нашите специјалисти се обучени најпрвин да извршат медицински преглед на вашите стапала со примена на најсовремена дермоскопска и подолошка опрема со цел да утврдат каков проблем со стапалата имате и кој е најдобар начин истиот да се третира во нашата клиника.

Со примена на стерилизирани инструменти, стерилизирани помошни материјали и врвна подолошка опрема нашите специјалисти за стапала не само што го решаваат вашиот проблем со стапала туку ви овозможуваат загарантирана заштита од пренесување на било каква инфекција.

Жуљевите, кирјите ока, искупаните пети, сувата кожа на стапалата, габичната инфекција на ноктите и стапалата ќе бидат минато.
Дозволете им на нашите доктори специјалисти да бидат чувари на убавината и здравјето на вашите нокти и стапала.