МЕХАНИЧКА АБРАЗИЈА

Механичката абразија е традиционален подијатриски пристап во третманот на онихомикозата кој бара време, специјални инструменти и искуство. Целта на овој пристап е да се намали притисокот и габичните наслаги преку механичко намалување на дебелината на ноктот. Со оглед на тоа дека се отстранува најголем дел од онихомикотичниот материјал, механичката абразија има потенцијал да ја зголеми ефикасноста на други последователни терапии на ноктот особено оние кои се антифунгални. Но овој пристап не ја лечи инфекцијата туку само обезбедува поголема ефикасност на другите терапевтски опции.


Механичката абразија на ноктот се постигнува со сечење, гребење и абразија на ноктот со специјални клешти, кирети, апарати за абразија и борерчиња. Се применува кај секоја форма на онихомикоза. Кај пациенти со висок ризик (стари пациенти под многу медикаменти, бремени или доилки) механичката или хемиска абразија во комбинација со антифунгални производи може да биде корисна со задоволително подобрување.


Механичката абразија општо земено е акт на физичко отстранување на било кое несакано ткиво или супстанца од ноктот или асоцираните структури. Типот на супстанца варира, но општо земено се однесува на супстанца која е несакана или предизвикува повреда. Има многу заболувања на телото кои можат да гнојат или да растат во лежиштето на ноктот, правејќи ја хигиената на ноктот во овој дел од телото многу значајна.