ММА ОШТЕТЕНИ НОКТИ

 

ШТО Е ММА ОШТЕТЕНИ НОКТИ?

Акрилните нокти се потешки отколку природните нокти и поотпорни се на абење и оштетување. Милиони жени одат во салони за нокти за третмани, под претпоставка дека со таквите третмани нема да се направи нешто што ќе ги загрози нивните природни нокти. Но, некои козметички салони ставаат акрилни нокти со ефтино лепило, наречено метил метакрилат мономер, исто наречен и ММА мономер. За жал, ММА мономерот може да предизвика трајно оштетување на ноктната подлога.

КАКО ДА СЕ ОТКРИЕ ММА?

Дури и во земји каде ММА мономерот е нелегален за користење на акрилни нокти, многу козметички салони се уште го користат, бидејќи е значително поевтин од алтернативите. Клиентите треба да ги погледнат знаците на предупредување. ММА има необично силен мирис, за разлика од другите акрилни течности. Отстранувањето на ноктите е многу тешко и често е потребно и повеке од еден час. Најчесто предупредувачки знак е цената на третманот; козметички салон кој нуди исти акрилни нокти за многу пониска цена од конкуренцијата, можно е да ги намалува своите трошоци користејки ММА мономер.