НЕПРИЈАТЕН МИРИС НА СТАПАЛА

ШТО Е НЕПРИЈАТЕН МИРИС НА НОЗЕТЕ?

Непријатниот мирис на нозете може да биде многу срамен и незгоден. Многу луѓе го опишуваат како мирис на оцет или сирење, кој се задржува на нозете, чорапите и чевлите. Непријатниот мирис е предизвикан од мешање на потта со бактерии од вашата кожа. Повеќето луѓе имаат над 250.000 потни жлезди во нозете, кои произведуваат 0,47 литри влага секој ден. Други имаат повеќе од просечниот број на потни жлезди и се потат претерано . Некои луѓе пак, се потат само во текот на летните месеци од годината , додека други се потат во текот на целата година.

Потта сама по себе е без мирис, но кога ќе дојде во контакт со бактерии таа почнува да мириса лошо. Некои бактерии се познати дека се хранат во горниот слој на кожата, но тоа е обично само во тешки случаи. Чевлите и чорапите се совршена средина за потење и бактерии и затоа е од клучно значење одржувањето на хигиената. Можеби на прв поглед од почеток нема да го забележите непријатниот мирис, кој може да биде само во чевлите, но на крајот, сепак , мирисот ќе биде тешко да се игнорира .

Neugodan miris stopala
КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОЈАВА НА НЕПРИЈАТЕН МИРИС?

Поголемиот дел од влагата на нашите нозе што секојдневно се произведува, испарува пред да има шанса да привлече бактерии. Но, ако носите чорапи и чевли , кои не дозволуваат испарување , влагата станува заробена и бактериите почнуваат да се развиваат. Бактериите првично се задржуваат на чевлите и чорапите , но со текот на времето ќе се појават на кожата и ќе предизвикаат непријатен мирис на нозете. Сепак, нашите обувки не се единственото нешто што може да предизвика непријатен мирис .

Дополнителните причини вклучуваат:
• Хиперхидроза

• Стрес

• Лекови

• Алкохол и дрога

• Хормонални промени, предизвикани од пубертет или менопауза

• Лоша хигиена