ONYCHAUXIS

ШТО Е ПАРОНИХИЈА ONYCHAUXIS?

Onychauxis е задебелување на ноктите. Може да се забележи и на ноктите на нозете и на ноктите на прстите на рацете. Третманот на Onychauxis бара решавање на причината за појава на задебелување на ноктите, како и донесување на специјална рутина за нега на ноктите, која вклучува поттикнување на обраснатите нокти да растат на надвор, како би се замениле со здрави нокти.

Понекогаш се зафатени само еден или два нокти, додека во други случаи зафатени се сите нокти. Ноктите се задебелуваат према горе, но исто така можно е ширење и надвор од ноктната плоча, бојата на ноктот се менува од жолтеникава до бела, и кај некои пациенти доаѓа до распаѓање на рабовите. Дебелината на ноктите им пречи тие да се одржуваат нормално, безбедно и рамномерно. Како резултат на тоа ноктите често растат надвор од ноктната плоча и може да почнат да се свиткуваат со оглед на должината.

КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОЈАВА НА ONYCHAUXIS?

Onychauxis може да биде предизвикан од голем број на причини, како што се:

ДИЈАБЕТЕС

Дијабетичарите често страдаат од оваа болест, што доведува до тоа да медицнските лица се сомневаат дека дијабетесот е причината за појава на Onychauxis.

ОСЛАБЕНА ЦИРКУЛАЦИЈА

Onychauxis, исто така, може да произлезе од нарушена циркулација во рацете и нозете. Недостаток од снабдување со крв во ноктите, што доведува до тоа да ноктите не се снабдуваат со доволно хранливи состојки, неопходни за нивниот развој и одржување.

ПСОРИЈАЗА

Псоријаза е хронична болест на кожата, што доведува до зголемување на бројот на црвени дамки по различни делови на телото. Се смета дека доведува и до проблеми со ноктите како Onychauxis.

ТРАУМА

Траума на ноктите, исто така, може да резултира со појава на Onychauxis. Ова е особено видливо кај луѓе што носат тесни чевли. Тесни чевли или високи потпетици може да ги доведат прстите под екстремен притисок и да настане Onychauxis.

ИНФЕКЦИЈА

Квасна или габична инфекција на ноктот или областа околу ноктната плоча, исто така може да предизвика Onychauxis.

АКРОМЕГАЛИЈА

Оваа состојба доведува до проширување на коските на рацете, нозете и лицето. Акромегалијата е одговорна и за појава на оваа болест на ноктите.

БОЛЕСТ ДАРИЕР

Ова генетско пореметување на кожата предизвикува бели лезии на оралниот дел, како непцата и јазикот.

PITYRIASIS RUBRA PILARIS

Ова е хронично заболување, кое доведува до црвеникаво-портокалови дамки и густи испакнатини на кожата, одвоено од другите компликации. Тоа би требало да е уште една причина за појава на Onychauxis.

НАСЛЕДНА КОМПОНЕНТА

Во некои случаи, наследниот фактор, исто така е причина за појава на Onychauxis. Оние кои имаат родители или еден од нив, кој пати од оваа болест, исто така може да заболат во одреден момент од нивниот живот.

КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ НА ONYCHAUXIS?

Најочигледен симптом на Onychauxis е абнормалното задебелување на ноктната плоча на рацете и нозете. Ноктите обично се задебелуваат во горниот дел и стануваат бели или жолтеникави, а кај некои пациенти се распаѓаат и рабовите на ноктот.
Задебелените нокти се тешки за одржување. Тоа доведува до запуштање на ноктите и тие растат нанадвор и се виткаат сами од себе. Доколку не се лекуваат, ноктите ќе ја сменат бојата, ќе станат бели, црни, жолти или црвени.
Onychauxis хипертрофија на нокти на прстите на рацете или нозете може да се појави во било кој правец, или во сите правци од ноктот.