ОНИХАТРОФИЈА

ШТО Е ONYCHATROPHIA?

Onychatrophia, исто така позната како атрофија; го опишува пропаѓањето на ноктот; ноктот го губи својот сјај, се смалува и паѓа.
Многу луѓе се запознаени со концептот на атрофија. Зборот најчесто се користи во врска со услови кои влијаат на стари лица, некој кој имал подолг престој во болница или некој кој живее седечки начин на живот. “Атрофијата” едноставно е губење на дел од телото. Многу пати мускулите на една особа се опишани како да “атрофирале”. Ова значи дека мускулите ја намалиле својата големина, ослабеле и генерално ја загубиле способноста за вршење на својата функција.
Истото може да се случи и со ноктите. Било да е резултат на оштетување на матрицата, што би влијаело само на еден нокт, или на поголем здравствен проблем, кој може да ги афектира сите 20 нокти, ноктите може да атрофираат. Кога ноктот атрофира, изумира, го губи својот здрав изглед, почнува да се смалува, а на крајот умира. Како и да е, за разлика од мускулите, ноктот не може да ја врати својата виталност и здравје. Еднаш кога ноктот ќе атрофира, состојба позната како онихатрофија, состојбата не е реверзибилна. “Онихатрофија е застрашувачки процес”, сличен на лузна на кожата, откако е направена штетата, ноктот нема да се опорави.

КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА ONYCHATROPHIA?

Атрофија на ноктот или Onychatrophia може да е предизвикан од следново:
• Болест на кожата
• Бактериска инфекција на ноктите
• Псоријаза
• Лихен планус
• Epidermolysis Bullosa Dystrophica
• Габични инфекции на ноктите
Атрофијата на ноктите или Onychatrophia, може да е предизвикана од болести на ноктите, кожни болести, или други заболувања. Атрофијата на ноктите не ја мешаме со anonychia, што е резултат на вродена, конгенитална состојба, каде ноктите на нозете и на рацете не се развиваат.
Оваа состојба може да е предизвикана од контакт, повреда или допир со хемикалии, но ако онихтрофијата се наоѓа и на нокти на прстите на рацете и на нозете, тогаш генерално е предизвикана од различни здравствени состојби. Ако оваа состојба е придружена со осип или красти низ телото, треба веднаш да побарате медицинска помош, бидејќи тоа е знак за смртоносна болест на кожата. Ако вашата кожа изгледа во ред, тогаш тоа може да биде предизвикано од нетретирање на псоријаза или пак може да е тироиден проблем.

КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ НА ONYCHATROPHIA?

• Промена на бојата
• Одвојување на ноктот
• Собирање на ноктите
• Формирање на гној
• Изобличен облик на ноктите
Онихатрофијата влијае и на ноктите на рацете и на ноктите на нозете. Тоа подразбира целосно или делумно намалување на истите. Ако онихатрофијата е предизвикана од основното нарушување, лекувањето може да помогне во повторен раст на ноктите и на прстите на рацете и на нозете.