ПРОБЛЕМИ СО НОКТИ

Постојат огромен број на причини кои можат да доведат до заболување на ноктите. Заболувањата на ноктите не треба да се поистоветуваат со заболувањата на кожата. Иако ноктите се додаток на кожата, сепак тие имаат свои знаци и симптоми кои можат да упатуваат на други медицински состојби. Ноктите можат да покажуваат знаци на инфекција или воспаление кое бара медицинско третирање. Деформитетот или заболувањата на ноктите се означува со поимот онихоза. Габичната инфекција на ноктите е најчеста форма на заболување на ноктите и се јавува кај 50% од вкупната популација во текот на животот. Останатите форми на заболувања на ноктите се јавуваат поретко односно кај помала процентуална маса од човечката популација.



КОЖНИ ПРОБЛЕМИ СО СТАПАЛА

Стапалата се еден од најзначајните делови од човечкото тело. На табаните од нашите стапала завршуваат бројни нервни завршетоци. Тие се густо распоредени и имаат потреба од специјална нега. Вообичаените проблеми со стапалата како габична ифекција, враснати нокти, брадавици, курје око и жуљеви, не можат да се игнорираат бидејќи предизвикуваат болка и иритација која може да се влоши со текот на времето. 101 Foot клиникaта и нашите подолози и дерматолози веруваат дека секој од нас треба да се грижи за здравјето на стапалата. 101 Foot клиниката е создадена да обезбеди правилна дијагноза и да понуди професионална медицинска нега за решавање на проблемите на вашите стапала.