ПСОРИЈАЗА

 

ШТО Е ПСОРИЈАЗА?

Псоријазата е вообичаена хронична состојба на кожата. Лицето со псоријаза обично има флеки од поткрената црвена кожа со сребренасти лушпи. Афектираната кожа може да изгледа сјајна и црвена или дури и да има чиреви, мозолчиња, во зависност од видот на псоријаза која ја има поединецот. Овие промени на кожата обично се јавуваат на лактите, колената, скалпот и трупот на телото. Во САД, околу 7 милиони луѓе (2% -3 % од луѓето) имаат псоријаза. Секоја година се дијагностицираат околу 150,000-260,000 нови случаи. Псоријазата, исто така, може да ги афектира ноктите на рацете и нозете, предизвикувајки вдлабнување, задебелување и неправилна контура на ноктите.

Повеќето луѓе кои имаат псоријаза на ноктите исто така, имаат псоријаза и на кожата (кожна псоријаза). Само 5% од луѓето со псоријаза на ноктите немаат кожна псоријаза. Кај луѓето кои имаат псоријаза на кожата, 10% -55% имаат псоријаза и на ноктите (исто така наречена псоријатична болест на ноктите). Околу 10% – 20% од луѓето кои имаат псоријаза на кожата, исто така имаат и псоријатичен артритис, специфична состојба во која луѓето имаат симптоми на двете артритис и псоријаза. Лицата со псоријатичен артритис, 53% -86 % имаат афектирани нокти, често со вдлабнување.

Ако псоријазата на ноктите е тешка и не се лекува, може да доведе до функционални и социјални проблеми.

КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОЈАВА НА ПСОРИЈАЗА?

Псоријазата не е заразна. Како се развива псоријаза на ноктите не е целосно познато. Таа се појавува како резултат од комбинација на генетски (наследени), имунолошки и факторите на животната средина.

Псоријазата има тенденција на појава во семејството. Ако имате родител или брат или сестра , кој има псоријаза, имате 16% -25% шанса да имате псоријаза и вие. Ако и двајцата од вашите родители имаат псоријаза, ризикот е 75%. Мажите и жените се подеднакво подложни на псоријаза. Псоријазата може да се појави кај луѓето од сите раси.

КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ НА ПСОРИЈАЗА?

Обично луѓето кои имаат псоријаза на ноктите исто така имаат и кожни симптоми. Доколку некој има псоријаза на ноктите, но не и на кожата, таквата состојба може да биде тешка за еден лекар да ја дијагностицира. Важно е да се информира лекарот, доколку постои семејна историја на болеста.

Ноктната област е составена од ноктна плоча, ноктна подлога, hyponychium – област на епителот, ноктна матрица, ноктни набори, живец, делот на закотвување на ноктот, и крајот на коската на прстот.

Некој може да ги забележи следните знаци на псоријаза на ноктите:

• Мала вдлабнатина на ноктите или создавање на бразди на ноктната матрица. Вдлабнатините се развиваат кога клетките се губат од површината на ноктот.

• Линии кои одат низ ноктите (една до друга, од коренот до врвот): Овие се медицински познати како Beau линии на ноктот.

• Бели области на ноктната плоча, познати како леуконихија (бели нокти) или мидматрикс болест

• Задебелување на кожата под ноктите: Лекарите може да го наречат ова субунгална хиперкератоза. Ова може да доведе до олабавување на ноктот.

• Олабавување на ноктот: Ова медицински се нарекува Онихолиза на ноктната подлога (одвојување на ноктот од ноктот) и површината на епителот – hyponychium. На ноктите може да се развие бела област која што е одвоена од кожата на ноктите. Обично започнува на врвот на ноктот и се протега кон коренот. Подлогата на ноктот (кожата под ноктите) може да се инфицира.

• Трошење на ноктот: Ноктите може да се кршливи и слаби, бидејќи основните структури не се здрави.

• Мали црни линии во ноктот, во насока од врвот до живецот: Тие се нарекуваат отцепени крварења или проширени капилари во дермалните папили. Ова се случува кога малите капилари на врвот на прстите крварат помеѓу ноктот и кожата под ноктот.

• Црвенило на бледо заоблената површина на дното на ноктот: Ова е познато како пегава лунула (spotted lunula). Тоа се случува кога капиларите под ноктот се пренатрупани.

• Артритис на прстите со промени на ноктите: Ноктите се афектирани во 53%-86% од луѓето кои имаат псоријатичен артритис.

Псоријаза на ноктите исто така може да се појави заедно со габична инфекција на ноктите – онохомикоза (onychomycosis) и воспаление на кожата околу рабовите на ноктот – паронихија (paronychia).