ТРЕТМАН НА ИСПУКАНИ ПЕТИ

Пукнатини, расцепи можат да се јават на било кој дел од стапалата но најчесто се јавуваат на петите и меѓу прстите. Овие мали пукнатини можат да бидат толку болни што го отежнуваат движењето. Пукнатини се јавуваат кај силно сува кожа но почесто на места каде постојат хиперкератози, задебелувања на кожата. Нормалното движење и притисок при движење се доволни за да ја распукаат задебелената, нееластична кожа. Хиперкератозите се јавуваат на деловите од стапалото кои се под константно триење од вашите обувки.

Задебелувања исто така се јавуваат и при движење по груби површини со боси стапала. А штом имате задебелување на петите потенцијално сте изложени на опасност од пукање на истите. Дури и нормалното движење и притисокот при движење се доволни за да ја распукаат задебелената, нееластична кожа. Подолга неприродна положба на телото, носење отворени чевли, дури и прекумерна тежина може исто така да предизвика пукање на задебелените пети. Медицински состојби како дијабетес, тироиден дисбаланс, екземи и псоријаза исто го зголемуваат ризикот од распукани пети.

Доколку се јави медицински проблем врзан со стапалата и нормалната функција, неопходно е да се јавите на подолог. Традиционалниот козметички педикир се фокусира на што поубав изглед и на нега на нормалните стапала, понекогаш занемарувајќи ги посериозните проблеми кои постојат во основа. Нашите доктори специјалисти се обучени да ги прегледаат ноктите и стапалата темелно со цел да го идентификуваат вистинскиот причинител на вашиот проблем а потоа да го излечат користејќи напредни дијагностички техники и специјализирани апарати и инструменти.

Медицинскиот педикир е луксузен третман на стапала, изведен од страна на подолог, во строги хигиенски услови. Третманот вклучува професионален механички дебридмент на хиперкератозите на стапалата, отстранување на жулеви, обликување на потенцијално враснатите нокти со примена на посебни производи и инструменти. Фокусот на медицинскиот педикир е решавање на вашиот медицински проблем со стапалата во суви строго контролирани услови и со примена на стерилни инструменти и апарати.