ТРЕТМАН НА ВРАСНАТИ НОКТИ

Аркада е специјално дизајниран систем наменет за нехируршки и безбеден третман на враснати нокти.  Аркада третманот моментално ја олеснува болката, а за неколку месеци ноктот комплетно израснува. Ноктот после третманот има природен и естетски изглед, на огромно задоволство на пациентот. 

Современите трендови се насочени кон неинвазивен третман на враснатите нокти, кој е безболен, удобен и пред се ефикасен за разлика од хируршкиот третман кој често е погрешно индициран, непријатен и трајно го деформира ноктот.



Аркада системот овозможува решавање на деформитетот кај враснатите нокти, користејќи специјални куки за исправување на ноктната плоча.После исправувањето на ноктот, се нанесува специјална медицински маса која го држи ноктот исправен не дозволувајќи да се врати во првобитната положба. Медицинската маса и серумот кој се употребува во третманот содржат активни супстанци кои имаат антибактериски и антифунгален ефект, превенирајќи појава на инфекции и обезбедувајќи израснување на здрав нокт.


Аркада системот има и поширока намена овозможувајќи надополнување на дефектот на неправилно исечени нокти, трајно оштетена или скратена ноктна плоча што дава не само естетско туку и решение на медицинскиот проблем.

Обратете се на нашите доктори-специјалисти од 101 Фоот клиниката за да Ви помогнат безболно и ефикасно да го решите проблемот со враснатите нокти.