ТРЕТМАНИ

Согласно на современите достигнувања во медицинската наука се менува и технологијата и трендовите кон успешни и сеопфатни третмани за различните форми на заболувања на ноктите, како и кожата на стапалата и длалнките. Исто така, денес ефикасноста на одреден третман, заради заштита на пациентите, се проценува по строги критериуми во специјализирани установи. Во 101 FOOT клиниката за болести со нокти и кожни заболувања на стапала и дланки, секој третман кој се применува во терапијата е одобрен од Американското биро за контрола на лекови (FDA – Food and Drug Administration) и клинички докажан во неговата ефикасност. Сигурно не сте првите кои имаат потешкотии да направат правилен избор и да донесат одлука кој третман е најдобриот за вас. Затоа, 101 FOOT CLINIC направи обид да Ви стави на располагање третмани кои се пред се одобрени од страна на најреспектирани и најпрестижни регулаторни здравствени институции како Американското биро за контрола на лекови (FDA – Food and Drug Administration) и Агенција за контрола на медицински и здрвствени производи на Велика Британија (MHRA – Medicines and Healthcare products Regulatory Agency), третмани кои се научно и клинички потврдени и ефикасни.