Дијабетесна Невропатија

Преглед на Проблемот

Дијабетесна невропатија е состојба која влијае на нервите на луѓето кои имаат дијабетес. Периферната невропатија може да предизвика пецкање, губење на чувствителноста и болка во нозете. Оние кои се најмногу изложени на ризик се дијабетичарите, кои имаат високо ниво на шекер во крвта , кои имаат дијабетес многу години, или оние кои имаат прекумерна тежина. Невропатијата може да се спречи и со контролирање на дијабетесот и преземање на мерки на претпазливост, како би се задржало здравјето на нозете и кожата на нозете. Повреди како плускавци може да доведат до повеќе хронични проблеми како и лоши резултати кај оние кои имаат невропатија на нозете.

ШТО Е ДИЈАБЕТЕСНА НЕВРОПАТИЈА?

Дијабетесот може да предизвика оштетување на нервите во телото, а нозете се особено погодени. Постојат неколку видови на невропатија, но оној вид кој што влијае на нозете е познат како периферна невропатија. Ако нервите во нозете не функционираат правилно, индивидуата може да почувствува потешкотии при одење и стоење, и невропатијата кај личности со дијабетес може да предизвика да одат поинаку. Вкочанетоста и слабоста во мускулите на нозете и глуждовите може да доведе до повреди и како и други состојби,вклучувајќи и курје око,свиткување на едниот или двата зглоба на прстите, како и прсти извиткани како канџи. Без чувствителност во нозете , луѓето со невропатија се повеќе подложни на повреди и тие дури и не може да знаат кога се случила повреда.

КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА ПОЈАВА НА ДИЈАБЕТЕСНА НЕВРОПАТИЈА?

Причините за дијабетесна невропатија се недоволно разјаснети, но веројатно се резултат на комбинација од неколку фактори . Еден од најважните фактори е неконтролираниот дијабетес. Дијабетес е класифициран како авто-имуна болест, а тоа е, болест , во која имунолошкиот систем ги напагја здравите клетки. Ова абнормален имунолошки одговор може да предизвика воспаление на нервите и да доведе до симптоми на невропатја. Нервите исто така може да бидат погодени, ако оштетените крвни садови не ги снабдуваат со доволно хранливи материи и кислород. Генетскиот состав на поединецот , исто така, може да игра улога.

КОЈ Е ИЗЛОЖЕН НА РИЗИК ЗА ДИЈАБЕТЕСНА НЕВРОПАТИЈА?

Дијабетесна невропатија е многу честа појава , и 60 до 70 проценти од луѓето со дијабетес се изложени на ова нарушување. Постојат неколку фактори кои може да го зголемат ризикот од развојот на дијабетесна невропатија:
Долготрајна болест : Оние кои имале дијабетес повеќе од 25 години, се повеќе изложени на ризик за развој на невропатија. По 20 години со дијабетес, околу 40 проценти од луѓето ќе имаат невропатија.

Возраст: Постарите лица кои имаат дијабетес се со поголема веројатност да заболат од невропатија, од оние кои се помлади . Оние кои се на возраст над 40 се особено изложени на ризик.

Лошо контролиран дијабетес : Доколку имате шеќер во крвта, во нивоа, кои се често премногу високи, може да се зголеми ризикот од невропатија.

Крвен притисок : Високиот крвен притисок е почест кај луѓето кои имаат дијабетес. Крвен притисок надвор од нормалните граници ( повисок од 130/80 мм Хг) може да предизвика оштетување на крвните садови . Оштетените крвни садови може да придонесат за развој на невропатија.

Висок холестерол : Луѓето кои имаат шеќерна болест, особено оние кои имаат дијабетес тип 2, имаат тенденција да имаат повисоко ниво на холестерол. Контрола на нивото на холестерол во крвта може да ви помогне да го забавите напредувањето на дијабетската невропатија.

Дебелината: Имајки индекс на телесна маса – БМИ поголема од 23 е ризик за развој на дијабетска невропатија кај луѓето со дијабетес.

КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ НА ДИЈАБЕТЕСНА НЕВРОПАТИЈА?

Во некои случаи, дијабетесна невропатија може да биде без симптоми, но кога симптомите се присутни тие вклучуваат:
– Болка во ногата : Повеќето луѓе со дијабетска невропатија немаат болка, но оние кои имаат болка, таа може да биде интензивна , и состојбата може да се влоши додека одмарате . Болката , исто така, може да биде значаен проблем во текот на ноќта , што може да попречи пациентите да имаат соодветен одмор.

– Трнење во нозете : Трнење, пецкање или иглички во нозете понекогаш е првиот симптом на дијабетска невропатија.

– Вкочанетост во нозете: Вкочанетоста може да значи неможност да се чувствуваат промени на температурата или притисок во нозете.

– Пад на стапалото: Оштетување на нервите може да предизвика проблеми во работата на мускулите на нозете при одење. Ова може да резултира со потешкотии во кревање на предниот дел на стапалото.

КОМПЛИКАЦИИ НА НЕВРОПАТИЈА

Дијабетесна невропатија може да резултира со различни компликации во нозете, а некои од нив може да бидат многу сериозни , а во некои случаи дури е неопходна и ампутација. Се проценува дека половина од сите ампутации поради дијабетска невропатија може да се спречат, ако правилно се грижите за нозете.

Инфекција: Дури и малите повреди на нозете може да доведат до инфекција. Затоа што луѓето со невропатија го губат осетот во своите нозе, и не можат да сфатат кога имаат воспаление или плускавец. Незабележана и не лекувана , дури и мала болка може да се развие во инфекција, која брзо станува проблематична и може да ја нападне коската. Инфекцијата која достигнала до коската може да резултира со ампутација на дел или целото стапало. Ампутација на прстите, па дури и на целата нога може да биде ризично за луѓето кои веке се во лоша здравствена состојба и може да резултира со инвалидност.

Хроничен улцер: Хронична улцерација во нозете е исто така една од главните причини за ампутација кај луѓето кои имаат дијабетска невропатија. Чировите во подножјето бараат брза заштита, вклучувајќи дебридман (отстранување на мртвата кожа) и третман на било која инфекција. Во некои случаи, сепак, чировите не се лекуваат и остануваат воспалени. Невропатијата може да придонесе за овој проблем во лекувањето, особено кога поради неа протокот на крвта во нозете е помал од оптималниот.

ПРЕВЕНЦИЈА НА ДИЈАБЕТЕСНА НЕВРОПАТИЈА

Спречување на дијабетесна невропатија и потенцијалните компликации значат воспоставување на стабилен режим за нега на нозете и контрола на дијабетесот.

Покрај дневните редовни контроли на нозете, како и редовни прегледи од лекар, треба да се практикува и добра грижа за стапалата. Пациентите кои се изложени на ризик за невропатија или кои веќе имаат невропатија треба да користат соодветни обувки , да избегнуваат активности кои можат да резултираат со повреда на ногата , и да научат како да се грижат за ноктите и сувата кожа. Обувките не треба да се тесни или да го ограничуваат протокот на крвта, и треба да имаат широка, мека позадина кај петата. Секоја активност која може да резултира со повреди на ногата треба да се избегнува . Ова вклучува не само високо-ризични активности, но , исто така, одење бос или изложување на нозете на екстремна топлина или студ . Ноктите треба да се кратат внимателно. Доколку е потребно, ова може да се направи од страна на професионалец, наместо дома.

Сувата кожа или кои било други услови на ногата треба да се третираат веднаш.
Добра контрола на гликозата во крвта и другите услови поврзани со дијабетес е исто така важно за спречување на дијабетската невропатија. Во некои случаи, кога гликозата во крвта е доведена до соодветно ниво , симптомите на дијабетската невропатија може да се намалат . Проверката на нивото на гликоза во крвта е важна, како и препораките за исхраната и лековите или инсулинот. Пациентите треба да соработуваат со своите здравствени установи за да научат како да управуваат со високите нивоа на гликоза во крвта.

Протокол на Лечење

Подолошка Анализа

Испитувањето на стапалата (ноктите и кожата) од страна на нашите специјалисти со најсовремена опрема, овозможува точна дијагностика и индикација за соодветна терапија.

Индивидуален План за Терапија

Нашите подолози создаваат план за индивидуална терапија која се состои од различни модалитети на лекување, од најновите подготовки на светскиот пазар, современи интервенции, па се до природни лекови, засновани врз долгогодишното искуство на нашите лекари.

Успешни Резултати

Преку бесплатни контроли, нашите подолози го следат индивидуалниот напредок и користат фотографии за да го споредат напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Стапалата секогаш треба да се третираат убаво. Тие се движечка моќ на нашите тела, а ние им даваме толку малку почит.

101 Foot Clinic
  • ЗАКАЖЕТЕ ПРЕГЛЕД

    На располагање Ви се врвни подолози, дерматолози и пластични хирурзи.

  • ПОВИКАЈТЕ НЕ