Преглед на Третманот

Габичните инфекции на ноктите (онихомикозите) се многу чест проблем и опфаќаат околу 50% од сите проблеми со ноктите. Кај ноктите кои се заболени од габична инфекција се забележуваат промени во: текстурата, квалитетот и бојата. Ноктите се задебелуваат, стануваат крути и се ронат. По боја може да бидат млечно бели т.е заматени (наместо провидни и безбојни), потоа може да бидат жолти, кафени, дури и зеленикави. Исто така овие нокти имаат непријатна миризба.

101 Foot подолошките центри претставуваат уникатен спој на современиот револуционерен пробив  – Пѕтхиум олигандрум (интелигентни био микроорганизми), надополнет со модерната и иновативна ласерска технологија. Пѕтхиум олигандрум е микробиолошки предатор за габични и бактериски патогени организми, кој сака да живее во влажна средина. Со цел да добие храна, Пѕтхиум олигандрум организмот испушта влакна (хифи – пипци) кои ги обвиткуваат габичните патогени и се “хранат” со нив, со што буквално ги цицаат сите хранливи материи од патогените габи и микроорганизми. Откако ќе ги отстрани сите штетни габи и микроорганизми Пѕтхиум олигандрум исчезнува од човечкото тело целосно. Спроведените истражувања преку користење на лабораториски тестови, практично тестирање под надзор на водечки чешки лекари, микробиолози покажа дека Пѕтхиум олигандрум микроорганизмот има огромна ефикасност во третирање на десетици форми на проблеми на ноктите, кожата и целото човечко тело.

Протокол на третман

Подолошка Анализа

Анализа на ноктите и стапалата со помош на подоскоп и примена на најнов подолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман.

Индивидуален План за Третман

Нашите подолози креираат индивидуален план на третман кој се состои од различни модалитети на третирање и примена на природни биолошки препарати, засновани врз долгогодишното искуство на нашите подолози..

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите подолози го следат индивидуалниот напредок во третманот и користат фотографии за да го споредат напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Стапалата секогаш треба да се третираат убаво. Тие се движечка моќ на нашите тела, а ние им даваме толку малку почит.

101 Foot Clinic