ШТО СЕ ПРЕКУМЕРНО ИСПОТЕНИ СТАПАЛА?
Прекумерно потење на стапала се нарекува хиперхидроза. Таа состојба е почеста кај мажите отколку кај жените и почеста кај младите отколку кај постарите. Потењето е природен начин за ладење на нашето тело. Испотени нозе или хиперхидроза, е честа состојба која предизвикува прекумерно потење на стапалата на нозете. Оваа состојба, исто така, ги афектира дланките на рацете и пазувите, но во оваа статија ние ќе се фокусираме само на нозете. Плантарна хиперхидроза е локализирана на плантарната страна на стoпалото (на дното). Испотени нозе може да доведат до, или да ги влошат проблемите како што се микоза, плантарни брадавици или други кожни состојби. Постојат повеќе од 250.000 потни жлезди во секоја нога . Секоја нога , нормално, произведува половина литар влага дневно. Важно е да се има на ум дека нашите нозе се потат цело време, и бактериите се природно присутни на нашата кожа. Кај повеќето луѓе потта испарува брзо , но кај некои потта е заробена во жлездите, што им овозможува на бактериите да се развиваат. Ова може да биде проблем ако некој човек има повеќе од нормална количина потни жлезди во своите нозе и е склон кон прекумерно потење.
ПРИЧИНИ
Постојат различни причини за прекумерно потење на стапала. Иако оваа состојба најчесто е предизвикана од емоционален стрес или физичка активност, постојат и други причини. Наследноста се вели дека игра улога.
Исто така вашето ниво на токсичност , може да предизвика вашите нозе да се потат. Отровите потекнуваат од храната која ја јадеме, која е богата со заситени масти. Алкохолот е исто така отров. Ако не вежбате често , овие токсини може да се развијат и да предизвикаат потење на вашите нозе како и на другите делови од вашето тело.
Нозете исто така може да се потат поради видот на обувките што ги користите. Одредени обувки – како памучни или најлон чорапи, или чевли направени од пластика или некои кои имаат постава од синтетичка ткаенина спречуваат испарување на потта. Чорапи од најлон како и 100% памучни чорапи може да дејствуваат како сунѓер и да ја задржуваат влагата . Ова ги одржува вашите нозе влажни цело време и доведува до дополнителни проблеми како тинеа педис ( атлетско стапало ) и габи на ноктите. Некои експерти исто така веруваат дека оваа состојба може да е поврзана со осетлив нервен систем, но тоа се уште е непознато, дали тоа е резултат на прекумерна активност на системот или на потните жлезди.
СИМПТОМИ
Најочигледен симптом на хиперхидроза се стапала кои претерано се потат. Некои луѓе се потат толку многу што нивните нозе може да се лизгаат низ чевлите. Стапалата , исто така, може да имаат белузлав, влажен изглед; понекогаш се присутни и инфекции на нозете. (Константна влага ја распаѓа кожата , овозможувајќи и на инфекцијата да се развива ) Непријатен мирис е честа појава. Оние кои страдаат од хиперхидроза , исто така, може да доживуваат и емотивен стрес и грижа во врска со непријатниот мирис на нозете.Анксиозноста и изолацијата поврзана со потењето може да биде особено тешка меѓу тинејџерите со плантарна хиперхидроза.