101 Foot Clinic се единствените клиники за лекување на заболувања на нокти и стапала кои на своите пациенти им нудат клинички докажани производи и клинички одобрени третмани. Тоа значи дека нашите пациенти ги добиваат сите потребни препарати и третмани во нашата клиника. Кој препарат е најадекватен за вас односно кој третман би ви бил препорачан зависи од дијагнозата која ќе ја постават нашите доктори специјалисти по извршената подолошка анализа на вашите стапала.
За секој наш пациент се изработува индивидуален план на терапија за да се гарантираат максимални ефекти. Покрај локалната домашна терапија, нашите доктори можат да препорачаат и адекватен клинички третман кој се изведува во нашата клиника а се со цел да се постигнат оптимални резултати.
Нашите специјалисти го следат вашиот прогрес во лекувањето секој месец преку бесплатни месечни контроли, за да обезбедат најдобри можни резултати.
На крајот од активниот третман нашите специјалисти ви ѓи презентираат постигнатите резултати преку споредување на вашите фотографии од моментот на започнување на терпијата до вашата последна контрола.
101foot.mk е една од светски водечките веб страници за проблеми со стапала и нокти – ние работиме посветено на секојдневно ажурирање на информациите кои се однесуваат на најнови истражувања, студии, иновации и останати информации поврзани со проблемите на стапалата и ноктите, можностите за нови ефикасни и ефективни третмани вклучително и можности за навремена превенција на опаѓањето на косата преку најразлични совети и стручни препораки.