Што прави подолог?

Подолог се занимава со проблеми и нега на стапалата и ноктите. Подолог може да ви помогне ако имате габична инфекција на ноктите и стапалата, плускавци, враснати нокти, атлетско стапало, брадавици на нозете…

Целото знаење и вештини ги става во служба на решавање на проблемите со стапалата. Користејќи современи методи и природни препарати.

Кој има потреба од подолог?

Стапалата се нашата поддршка и важен дел од телото. Но, ние обично им обрнуваме внимание само кога се појавуваат одредени проблеми. Стапалата содржат 25% од вкупниот број коски, 33 зглобови, повеќе од 100 лигаменти и мускули. И само здравите и негувани стапала се убави и функционални.

Стапалата се огледало на здравјето. И се што се случува на стапалата може да укаже на поголеми здравствени проблеми.
Треба да знаете дека педикирите  во салоните за убавина се грижат исклучиво за естетиката на стапалата и ноктите. Нашето искуство покажува дека луѓето бараат стручна помош обично кога проблемот со стапалата станува поголем. Или се уморни од самостојни обиди за лекување кои не носат резултати.

Ако забележите промени во ноктите или стапалата кои не поминуваат или се интензивираат, не обидувајте се сами да ги решите, побарајте стручна помош од подолог. Непроверените и непрофесионални совети од Интернет може само да ја влошат состојбата и да го искомплицираат лекувањето.

Како да изберете сигурен подолошки центар?

При иѕборот, најважната мерка за експертиза и успех треба да бидат резултатите.

Сите препарати наменети за третман на проблеми и нега со стапалата и ноктите се тестирани, 100% природни и безбедни.

Вашите стапала го заслужуваат само најдоброто, а нашите експерти во 101 Foot ќе ви помогнат да станат и  останат здрави и негувани.