Постојат огромен број на причини кои можат да доведат до заболување на ноктите. Заболувањата на ноктите не треба да се поистоветуваат со заболувањата на кожата. Иако ноктите се додаток на кожата, сепак тие имаат свои знаци и симптоми кои можат да упатуваат на други медицински состојби. Ноктите можат да покажуваат знаци на инфекција или воспаление кое бара медицинско третирање. Деформитетот или заболувањата на ноктите се означува со поимот онихоза. Габичната инфекција на ноктите е најчеста форма на заболување на ноктите и се јавува кај 50% од вкупната популација во текот на животот. Останатите форми на заболувања на ноктите се јавуваат поретко односно кај помала процентуална маса од човечката популација.