Лишаи на Нокти

Преглед на Проблемот

ШТО Е TINEA UNGUIS, ИЛИ ИНФЕКЦИЈА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ЛИШАИ?

Лишаи на нокти се појавуваат поради габична инфекција (дерматофити), слична на типот што предизвикува атлетско стапало.

Други научни термини за лишаи на нокти се: tinea ungium, онихомикоза или dermatophytosis ungium. Габите кои предизвикуваат лишаи на нокти се хранат со кератин – главна компонента во ноктите, косата и надворешниот слој на кожата.

Онихомикоза е габична инфекција на ноктите на нозете и прстите на рацете. Таа предизвикува згуснување на ноктите, дисколорација, изобличување и разделување. На прв поглед, онихомикозата се чини дека е само козметички проблем. Но сепак без третман, ноктите може да станат толку задебелени, што вршат притисок на чевелот од внатре, предизвикувајки иритација и болка. Инфекцијата на ноктите на рацете може да предизвика психолошки, социјални, или проблеми со вработување. Половина од сите проблеми со ноктите, се предизвикани од онихомикоза, а тоа е најчестата болест на нокти кај возрасните. Ноктите на нозете повеќе се заразуваат, отколку ноктите на прстите на рацете. Инциденцата на онихомикоза се зголемува и е поврзана со дијабетес, намален имунолошки систем, и зголемување на возраста. Возрасните имаат 30 пати поголеми шанси да заболат од онихомикоза од децата. Всушност, само 2.6% од децата помлади од 18 години, се изјасниле дека имаат онихомикоза, а повеке од 90% е застапена кај возрасните.

Онихомикозата е поделена на подтипови. Главни се: оддалечена латерална субунгуална (подрачјето под ноктите) онихомикоза, бела површна онихомикоза, проксимална субунгуална онихомикоза, ендоникс онихомикоза, и кандида онихомикоза. Луѓето со онихомикоза може да имаат комбинација од овие подтипови. Тотална дистрофична онихомикоза е термин кој се користи за повеќето напредни форми на било кој подтип.

КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА ПОЈАВА НА TINEA UNGUIS, ИЛИ ИНФЕКЦИЈА ПРЕДИЗВИКАНА ОД ЛИШАИ?

Онихомикозата е предизвикана од страна на три главни класи на организми: дерматофити (габи кои ја инфицираат косата, кожата и ноктите, а се хранат со ткивото на ноктите), квасци и недерматофитна мувла (nondermatophyte). Сите три класи предизвикуваат многу слични, рани и хронични симптоми или појави, па визуелниот изглед на инфекцијата не може да открие која класа е одговорна за инфекцијата. Дерматофитите (вклучувајки ги Epidermophyton, Microsporum, и Trichophyton видовите) се до сега најчестите причини за онихомикоза низ целиот свет. Квасците предизвикуваат 8 % од случаите, недерматофитната мувла (nondermatophyte) 2% од онихомикозните случаи.

• Дерматофитната Trichophyton rubrum е најчестата габа која предизвикува оддалечена латерална субунгуална (подрачјето под ноктите) онихомикоза и проксимална субунгуална онихомикоза.

• Дерматофитната Trichophyton mentagrophytes најчесто предизвикува бела површна онихомикоза, и поретко може да е предизвикана од страна на недерматофитната мувла (nondermatophyte).

• Квасната Candida albicans е најчеста причина за хронична мукокутна кандидијаза (болест на слузницата и нормалната кожа) на ноктот.

КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ НА TINEA UNGUIS, ИЛИ ИНФЕКЦИЈАТА ОД ЛИШАИ?

• Онихомикозата обично не предизвикува никакви симптоми, освен ако ноктите не станат задебелени и предизвикуваат болка кога се носат чевли. Луѓето со омихоникоза обично одат на лекар од козметички причини, а не поради физичка болка или пак проблеми поврзани со онихомикозата.

• Како се задебелува ноктот, омихоникозата може да пречи при стоење, одење и вежбање.

• Парестезијата дава чувство на убод, пецкање, лазење по кожата, обично се поврзува со повреда или иритација на нервите, болка, непријатност, а може да се случи и губење на агилноста. Исто така може да дојде до губење на самодовербата, срам и социјални проблеми.

• Тешките случаи на Candida инфекциите може да ги изобличат врвовите на прстите и ноктите.

Протокол на третман

Подолошка Анализа

Анализа на ноктите и стапалата со помош на подоскоп и примена на најнов подолошки софтвер, овозможува избор на адекватен третман

Индивидуален План за Третман

Нашите подолози креираат индивидуален план на третман кој се состои од различни модалитети на третирање и примена на природни биолошки препарати, засновани врз долгогодишното искуство на нашите подолози..

Успешни Резултати

Преку редовни контроли, нашите подолози го следат индивидуалниот напредок во третманот и користат фотографии за да го споредат напредокот од почетокот до завршувањето на активниот третман.

Повикајте не

Или контактирајте не преку email со контакт формата која следи

101 Foot Clinic

Стапалата секогаш треба да се третираат убаво. Тие се движечка моќ на нашите тела, а ние им даваме толку малку почит.

101 Foot Clinic