Курје око, исто така наречено и клавус, е болна хиперкератотична папула на кожата која се развива како реакција на зголемен притисок на коскените проминенции на стапалата и прстите. Клавусите често се сретнуваат кај спортистите и кај личности кои се изложени на нерамномерно триење и притисок од обувките и или имаат неправилности во движењето. Абнормалната механика на стапалото, деформитетите на стапалото, изразена физичка активност и посериозни состојби како периферна неуропатија исто придонесуваат за појава на курје око.
Кај курје око, надворешните механички сили се фокусирани на локализирана зона на кожата, што води до импакција на надворешниот слој од кожата, стратум корнеум, и формација на цврсто кератинско јадно, наречено јадро или корен, кој врши притисок на папиларниот дермис што резултира со изразена болка кај пациентот.
Клинички се опишуваат три типа на курје око. Првиот тип е цврто курје око или хелома дурум, карактеристичен по својот сув, испакнат излгед. Се формира најчесто на интерфалангеалните зглобови, но и табаните и страните на прстите. Вториот тип е меко курје око, или хелома моле, која е опишан така поради мацерираната текстура како резултат на влажноста. Најчесто се сретнува во интердигитално, меѓу прстите, обично 4-ти и 5-ти прст. Третиот тип е периунгвален тип, и се сретнува блиску или на ивицата на ноктот.
Жуљ или калус, е исто така хиперкератоточна лезија на кожата како резултат на зголемено триење. Се јавува на предниот дел од стапалото и на петата, но и на дланки. Кај некои спортски активности се сметаат дека калусите се потребни, како гимнастика и дигање тегови, или кај одредени професии како виолинисти. Калусите се равиваат од сили кои се дистрибуирани на поширока површина на кожата, додека курје око се равива од локализирани сили. Калусите се всушност локално задебелување на кожата карактеризирано со забрзана кератинизација и намален степен на десвамација, одлупување. Им недостасува централно јадро, кое типично се открива кај курје око кога ќе се отстрани горниот задебелен слој од кожа.
Третманот на курје око и жуљеви е секако отстранување на хиперкератотичната, задебелена површина на кожата со специјални стерилни инструменти, без притоа да се оштети здравото ткиво. Професионален медицински дебридмент е императив во отстранување на овие хиперкератиотични лезии, при кој се менуваат инструменти почнувајќи од скалпел за најгрубите наслаги па до специјално дизајнирани борери за фина обработка.
Во случај со курје око, третманот продолжува со специјални скалпели за да постепено се отстрани централното кератинско јадро за да се обезбеди олеснување на болката и да се реобликува кожата за подолгорочна превенција на зголеменото триење. Но отстранувањето и прилагодувањето на механичкиот стрес кој го предизвикуваат обувките е неопходен чекор. Адекватни чевли кои одговараат на должината и ширината за стапалтото се значајни за превенција. Соодветни силиконски ортопедски додатоци исто така помагаат во растеретување на одредени точки и површини на притисок. Конзервативен третман дома со нежно стругање со турпии за пети, добра хигиена, пудри за стапала како и свеста на клиентот за повторуувачкиот карактер на овие хиперкератози е значајно за натамошно правилно третирање и превенција.